Македонија

Како Јакимовски стана сопственик на две парцели за една година?

Марија Митева од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ постави низа сериозни, јавни и суштински прашања што бараат итни и транспарентни одговори од градоначалникот на општина Карпош во заминување, Стевчо Јакимовски

vmro-dpmne.org.mk

Марија Митева од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ постави низа сериозни, јавни и суштински прашања што бараат итни и транспарентни одговори од градоначалникот на општина Карпош во заминување, Стевчо Јакимовски. Овие прашања не се само политички, туку и морални и институционални, бидејќи се однесуваат на довербата што граѓаните ја дале, а која очигледно е злоупотребена.

  

„Како е возможно, за период од една календарска година, градоначалникот Јакимовски да се најде во ситуација каде со неговото семејство стануваат сопственици на две градежни парцели во најелитниот дел на Карпош, во местото Жданец, токму таму каде што и тој лично живее? Јавноста има право да знае од каде и со кои финансиски средства се обезбедени ваквите имоти во најскапата урбана зона на Скопје“ изјави Митева.

Таа продолжи со прашање како парцели што според претходниот Детален урбанистички план биле означени како зеленило, по нивната купопродажба од страна на семејството Јакимовски, магично станале градежно земјиште со веќе уцртана урбанистичка маркица во планот.

„Дали за овие парцели, кои од зеленило станале градежно земјиште, е поднесено барање за техничка градежна документација? Доколку да, кој го поднел тоа барање, кога, и до каде е постапката? Дополнително, прашуваме дали е вистина дека во изминатата година, покрај домашните парцели, семејството Јакимовски се стекнало и со вила во едно од туристичките места во Грција“ рече Митева.

Митева нагласи дека е време прашањата да добијат одговори.

„ Време е да се утврди дали во Карпош владее јавен или приватен интерес и како се успева да се заработи толку за купување на сите овие недвижности“ – побара Митева.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top