Македонија

Директорот на Комунална хигиена Рустеми дал неотповиклива оставка

Тоа ќе овозможи непречено водење на истрагата со цел да се докаже дека директорот нема никаква поврзаност со делото

 

„Станува збор за неотповиклива оставка од в.д. директор на јавното претпријатие Комунална хигиена. Тоа е еден морален чин од страна на сега веќе осомничениот, веќе поранешен директор Рустеми кој што не сака јавноста да мисли дека ќе ја попречува истрагата на кој било начин – соопшти синоќа неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ.

Оставката,  Сабахудин Рустеми ја депонирал својата оставка пред судијата на претходна постапка за време на вчерашниот распит во Кривичен суд, дознава Плусинфо

Алиспахиќ појасни дека оставката на Рустеми е дадена по советување со бранителите.

„Тоа е чин кој што ќе овозможи непречено водење на истрагата со цел да докажеме дека директорот нема никаква поврзаност со делото, а во насока дека ниту може да влијае, ниту влијаел, ниту ќе попречи какво било водење на истрагата“. појасни адвокатот.

Адвокатот објасни дека Рустеми е обвинет за ретко кривично дело, кое не толку често се појавува во нашиот кривично-правен систем. Станува збор за членот 230 од Кривичниот законик кој со измените од 2023 година добива еден поголем опсег – додава Алиспахиќ.

Тој вели дека обвинетиот директор барал од Управниот и од Надзорниот одбор да се обезбедат повеќе ресурси и механизација, како и вработувања, но дека не му било одобрувано. Рустеми, додаде адвокатот, бил именуван на функцијата во февруари 2025 година, а годишните програми и правилниците за работа биле донесени пред крајот на 2024 година.

Судот одреди 30 дневен притвор за Рустеми и Саити

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top