Тема: актуелно

Лидерот на демократите Бериша повика на „уривање на Рама и наркодиктатурата“ и за „спас на Албанија од катастрофата“!

Лидерот на опозициската Демократска партија и премиер на Албанија од 2005 до 2013 година Сали Бериша на вечерашниот митинг во Тирана обвини дека „нема нација во светот што е повеќе ограбена од албанската, што е срам за секој Албанец“. „Ние сме единствената земја во светот, што во период од седум години потроши 400 милиони евра за согорување на отпад во Тирана, Фиер и Елбасан, но денес нема ниту еден од нив.“ – посочи Сали Бериша, објави албанската новинска агенција АТА.

Инфлацијата во 2026 година треба да се движи од 2 до 3 проценти

Проекциите на Владата за инфлацијата во наредната, 2026 година, се таа да се движи во рамки од два до три проценти, вели нејзиниот претседател, Христијан Мицкоски. Истите очекувања, според премиерот, се однесуваат и на нивото на базичната инфлација.

Манасиевски: За украдени 150 ќебапи и кубење на коса до 4 години затвор, а за пожарот во кој изгореа 14 живи луѓе само 1 година затвор (ВИДЕО)

Дел од правосудните органи, односно судии и обвинители, кои се инкриминирани и инфилтрирани од поранешната власт на СДС и ДУИ, се погласни во своите барања за зголемени плати, а правдата никако да ја донесат

To top