Свет

Кај Солун се снимал додека возел со 304 км/ч на пат со ограничување од 90 км/ч! (Видео)

Покрај тоа што возел пребрзо, возачот самиот го снимал маневрирањето, што значи дека го вози возилото само со една рака, што предивикува дополнителна опасност. Снимката направена на пат кај Солун заврши на ТикТок. Како што се очекуваше, видеото се рашири молневито, привлекувајќи го вниманието на полицијата, која брзо го пронајде прекршителот и на крајот го фати.

Последиците со кои сега се соочува се сериозни: во Грција, возењето со 200 км/ч се смета како сериозен прекршок, а законот е заострен за казнување на таквото однесување.

За првиот прекршок од ваков тип, казната е 2.000 евра, плус едногодишна суспензија на возачката дозвола. Ако возачот е повеќекратен прекршок, сè се удвојува: казната се зголемува на 4.000 евра, а одземањето на дозволата се продолжува на две години. Ако тоа не е доволно, вториот таков прекршок (возење побрзо од 200 км/ч) резултира со двојна казна, до 8000 евра, и забрана за возење во траење од четири години.

Видео

 

 

Најнови вести од: Свет

Катастрофални поплави на границата меѓу Непал и Тибет: луѓе бегаат панично и огромна маса од вода и карпи се урива врз нив!

Најмалку 22 лица загинаа, а стотици се водат како исчезнати по разурнувачката поројна поплава, што денеска го погоди северен Непал, во близина на границата со Тибет.

To top