Македонија

Бугарија нема да попушти во однос на Македонија, порача Јотова од Минхен

Впишувањето на Бугарите во македонскиот устав не е билатерален услов, туку од ЕУ, нагласи бугарската претседателка

Без измени на Уставот на Македонија заради вклучување на Бугарите во него, таа не може да има напредок на патот кон  Европската унија, порача бугарската претседателка Илијана Јотова од Минхен, каде што учествува на Минхенската безбедносна конференција.

Според нејзините зборови, Бугарија следи конзистентна европска позиција, а условите пред Скопје не се билатерални, туку поставени од европските земји.

Јотова предупреди дека постојат сигнали за обиди да се заобиколи првиот и најважен преговарачки кластер – оној за човекови права и фундаментални прашања – што, според неа, е неприфатливо.

„Бугарија не може да се согласи на таков пристап“, нагласи таа.

Темата беше дискутирана и за време на средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кого Јотова го опиша како силен поддржувач на проширувањето на ЕУ. Таа го презентираше бугарскиот став и нагласи дека напредокот е можен само ако се исполнат преземените обврски.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top