Македонија

Мицкоски до Кошта: Македонија останува на европскиот пат, но заслужува достоинствен и принципиелен процес

Од претседателот на Европскиот совет побаран однос базиран на европските вредности, а не на билатерални условувања

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски на денешната средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Минхен уште еднаш ја нагласил посветеноста на Македонија на сопствената интеграција во Европската унија, но бара од неа достоинствен однос.

„Разговаравме отворено и искрено за европската перспектива на Македонија, за реформите кои ги спроведуваме и за предизвиците што стојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија. Јасно ја пренесов нашата позиција Македонија останува посветена на европскиот пат. Но, исто така, Македонија заслужува достоинствен и принципиелен процес, базиран на европски вредности, а не на билатерални условувања. Нашата Влада работи на суштински реформи: владеење на правото, борба против корупцијата, економска стабилност и подобар животен стандард за граѓаните. Европската иднина не е само политичка цел, таа е избор за подобра држава. Продолжуваме да работиме. Одговорно, чесно и со јасна визија за Македонија во Европа“, изјави Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top