Тема: аларм

Дури 11 пријави за семејно насилство за само еден ден – што им се врти во умот на сторителите?!

Полицијата интервенирала во повеќе градови по серија пријави за семејно насилство и закани меѓу роднини и партнери. Четири лица биле приведени, двајца биле повикани на службен разговор, а за сите 11 случаи се преземаат мерки и ќе следуваат соодветни пријави. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи. По целосното документирање, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Аларм: Децата без око да им трепне си купуваат цигари како да се мастики

Ново истражување за употреба на тутун кај младите покажува системски недостатоци на повеќе нивоа – од висока достапност на цигарите во продавници и киосци, каде што основците меѓу шесто и деветто одделение можат да набават тутун без поголем проблем, па сѐ до висока изложеност на децата на чад внатре и околу училиштата.

Повторно лажна паника – Аларм за дојави на бомби во училиштата

Лажната дојава за бомба е пријавена во 10 училишта во Тетово – четири средни и шест основни – поради што наставата не се одржа во ниту едно училиште во градот. Во меѓувреме, Секторот за образование во Тетово бара одговорност од надлежните органи за испраќањето на овие дојави и за безбедноста на учениците.

Алармантно: Четири куќи загрозени – свлечиште поради обилните врнежи од дожд

Се преземаат мерки и се дадени насоки на месното население да го напуштат живеалиштето во Шипковица поради опасност од појавување на нови свлечишта, информираат од ЦУК. Одрони имало и на патот Делчево-Истибања каде интервенирало ЈП Македонија и кај Моштица во Македонска Каменица каде што се исчистени од службите.

Мечка на сред улица – надлежните предупредуваат да не се провоцира

Ова се случува во есен, кога животните, особено мечките, интензивно бараат храна за да се подготват за зимскиот период. Како пример наведуваат конкретен настан од пред неколку дена, кога возрасна мечка била забележана ноќе на главниот булевар во градот. Според ловците, ова не е само редок инцидент туку сериозна ситуација, затоа што мечката се движела низ урбана зона, каде може да дојде во директен контакт со луѓе.

Шокантно: Дури 40% од децата почнуваат да пушат уште на 13 години

Експертите предупредуваат дека борбата со малолетничкото пушење бара синхронизирана акција: едукација во училиштата, контрола на продажбата, доследно спроведување на законите и комуникациски кампањи насочени кон семејствата. Бројките, 40% до 18 години и почеток на 13 се доволен индикатор за итност.

Над 50 пријави поради невремето во Скопје – паднати дрвја, покриви, бандери, кабли

До ЦУК имало 50 пријави од граѓани за над 30 паднати дрвја, од кои дел паднале и врз возила, куќи, делови од згради. Сите пријави се проследени до надлежните служби, кои интервенираат по приоритет за надминување на последиците од невремето.

To top