Тема: апсење

Никој не е над законот, очекуваме расчистување на случајот со уапсениот директор, велат од земјоделство

Борбата против корупцијата е врвен приоритет и дека, како што велат, „никој не е над законот“. Во соопштението се прави и политичка дистинкција, при што се посочува дека, за разлика од претходните власти, актуелната Влада спроведува неселективна правда, без оглед на функцијата или политичката припадност.

(Фото): Бил уапсен по откривање на 549 камикази дронови, експлозив и илјадници детонатори

Овој случај ја открива сериозноста на проблемот со нелегалната трговија со оружје во Украина, особено во време на воен конфликт, и ја потврдува решеноста на властите да ги спречат обидите за продажба на воена опрема на црниот пазар.

Двајца уапсени во Кичево — осомничени за напад со нож! Им нашле дома дрога!

На 04.01.2026 во 14:45 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода А.А.(45) и Ј.Д.(36), двајцата од Кичево. Тие се сомничат дека околу 13:30 часот во близина на с.Трапчин дол, Кичевско, на место викано „Сеферов бунар“, по претходна расправија, со нож го нападнале и му нанеле убодни рани на Б.А.(38) од Кичево, кој по укажаната помош во болницата во Кичево, поради сериозноста на повредите е пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Лишени од слобода осум возачи во Тетово, Гостивар, струшко, кичевско и во Прилеп затоа што управувале возила со брзина многу поголема од дозволената

На 28.12.2025 во 11:20 часот на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.И.(23) од Тетово. При контрола со радар е констатирано дека управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 103 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 50 километри на час. […]

To top