Тема: авиони

(Видео): Наскоро нова авионска линија Виена-Охрид

Со доаѓањето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во туризмот се бележи раст од 20%, како и со обезбедување на 21 нови дестинации кон скопскиот и охридскиот аеродром. Ова го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт Александар Николоски во емисија на Канал 5 телевизија, во „Само Интервју“.

Авиони повторно не можат да слетаат во Скопје, еден од нив цел час кружел па бил пренасочен

Поради влошените метеоролошки услови, односно поради опасен метеоролошки феномен познат како „смикување на ветерот“ (wind shear), кој претставува сериозен ризик при слетување, неколку авиолинии беа пренасочени кон соседните држави.

Силниот ветер спречи два авиона да слетаат во Скопје, пренасочени се кон Приштина

Поради временските услови, два авиони не можеле да слетаат и во моментов кружат над градот додека чекаат нови инструкции. Дополнително, уште два лета биле пренасочени кон аеродромот во Приштина. Како што информираат од ДЗС, ветерот е најсилен на поголема височина, што го прави слетувањето небезбедно и го отежнува приодот на авионите кон скопскиот аеродром.

(Фото): Скопскиот и белградскиот аеродром со најголем раст на патници во регионот

Аеродоромите во Скопје и во Белград, според објавениот зимски ред на летање, се очекува да го забележат најсилниот раст во регионот, со по повеќе од половина милион патници, што се должи пред сè на проиширувањето на авиолиниите на „Виз ер“.

Од сега „Визер“ ќе лета за Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и за Базел

Од петте нови линии што започнуваат денескa и утре, Мадрид и Бари се целосно нови дестинации за македонскиот пазар, односно главниот град на Македонија за првпат ќе биде поврзан со шпанската престолнина и со италијанскиот крајбрежен град.

Скопскиот аеродром ќе биде регионален лидер во растот оваа зима

Главниот двигател на експанзијата во Скопје е авиокомпанијата „Виз Ер“ (Wizz Air), која значително го зголемува своето присуство. Само оваа авиокомпанија ќе го зголеми капацитетот на скопскиот аеродром за импресивни 453.636 седишта.

Од Скопје директно ќе се лета до 42 дестинации, од Охрид кон пет нови земји

Според зимскиот ред на летање, кој почнува од 26 октомври и ќе трае до 27 март 2026 година, Скопје ќе биде поврзано со директни летови до 49 дестинации, а Охрид со пет. Како што објави Агенцијата за цивилно воздухопловство, од и до скопскиот аеродром ќе оперираат 17 авиокомпании, а ќе има и 13 чартер летови на кои ќе сообраќа авиокомпанијата „Фрибрд“, додека од охридскиот три авиопревозници.

Препукувања во М-НАВ: Кој е во право за штрајкот на 20-ти октомври?!

Претседателот на ССКЛ, Александар Тасевски, изјави дека Синдикатот има целосно право да организира штрајк, добиено со овластување од гранковиот синдикат, а целата постапка е спроведена регуларно, за што рече дека постои и соодветна документација.

Директорот на „Рајанер“ предупреди дека над 100.000 патници може да останат без летови

Извршниот директор на Рајанер предупреди – 100.000 патници може да се соочат со откажувања на летови за време на штрајкот на контролата на воздушниот сообраќај во Франција следната недела. Членовите на францускиот синдикат за контрола на воздушниот сообраќај SNCTA планираат штрајк од 7 до 10 октомври.

(Видео): За три дена решен проблемот со радарот, претходно со години никој не се грижел за резервни делови

Радарот на скопскиот аеродром е повторно ставен во функција, соопшти денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, додавајќи дека проблемот бил решен во рекордно време за само три дена.

To top