Свет

„Ербас“ ќе поправа 6.000 авиони, можни се доцнења и одложувања на летовите

Треба да се интервенира на околу шест илјади авиони произведени од оваа голема европска компанија, но, како што извести британската телевизија, кај повеќето од нив ќе биде потребна само едноставна надградба на софтверот.

Производителот на авиони „Ербас“ издаде предупредување дека редовите за летање ќе бидат нарушени поради потребата за итни модификации на илјадници авиони, откако беше откриено дека засилената сончева радијација може негативно да влијае врз системите што прикажуваат податоци клучни за контролата на летање, објави Би-би-си. Треба да се интервенира на околу шест илјади авиони произведени од оваа голема европска компанија, но, како што извести британската телевизија, кај повеќето од нив ќе биде потребна само едноставна надградба на софтверот.

Авијациските власти во Велика Британија, исто така, соопштиле дека надградбите многу веројатно ќе предизвикаат промени во распоредите за летање, па дури и откажување летови.

Според „Ербас“, проблемот бил забележан при неодамнешен инцидент во САД во кој биле вклучени авиони од типот А320. Компанијата им се извинила на патниците поради непријатностите.

На 30 октомври годинава, авион А320 на компанијата „Џет блу ервејс“ морал принудно да слета на Флорида поради ненадејно губење висина. Најмалку 15 луѓе биле повредени во инцидентот.

Со интервенциите ќе бидат опфатени не само авионите А320, кој е најпродаваниот модел на „Ербас“, туку и другите модели со сличен дизајн, како А318, А319 и А321.

Кај околу 5 100 авиони, проблемот можел да се реши со софтверски интервенции, но кај другите, кои се постари верзии, ќе треба да се инсталира и нова опрема, што ќе значи дека ќе се повлечат додека не се поправат и надградат.

  • „Ербас“ соопштил дека ова ќе доведе до „оперативни нарушувања за патниците и за клиентите“, и издал извинување.

Компанијата „Визер“ информирала дека ќе треба да се интервенира кај некои од нејзините авиони, поради што веднаш за нив биле закажани сервиси, а фирмата „Ер Индија“ соопштила дека директивата од „Ербас“ може да предизвика доцнења.

„Бритиш ервејс“ рекле дека нема да бидат многу погодени од проблемот, а „Изиџет“ дека тоа може да предизвика „некакви нарушувања“, за кои навремено ќе ги информираат патниците.

Проблемот со авионите се состои во тоа што силната сончева и космичка радијација на големи височини може да го наруши работењето на ЕЛАК-компјутерот, кој ги контролира аеродинамичните делови што се користат за кревање, спуштање и за свртување на леталата.

Моделот А320 е познат како авион што „лета преку жица“, што во индустрискиот жаргон значи дека не постои директна механичка контрола меѓу пилотската кабина и деловите од леталото што го регулираат неговото движење, односно сето тоа се управува преку компјутер.

Агенцијата за авијациска безбедност на Европската Унија (ЕАСА) издаде итна директива со која им наредува на авиокомпаниите да ги заменат ЕЛАК-компјутерите на авионите што се најтешко погодени од овој проблем, пред повторно да ги вклучат во превозот на патници.

Најнови вести од: Свет

„Реформи“ на здравственото осигурување во Германија: поскапување на лековите, болничкиот престој и терапиите!

Во текот на следните две години, осигурениците во системот на задолжително здравствено осигурување (GKV) во Германија ќе се соочат со низа промени,  кои  веројатно ќе ги зголемат нивните лични трошоци за здравствена заштита.

Денес избори во Шведска, на кои е можно да се случи победа и историски влез на крајната десница во владата

Граѓаните на Шведска денеска гласаат на парламентарните избори, на кои левиот и десниот блок влегуваат речиси целосно израмнети со разлика од само 0,3 отсто, а исходот би можел да го донесе првиот историски влез на крајнодесничарските Шведски демократи во владата.

Трамп: Ирска може да се обедини и сега! – Ирски реакции: За иднината на земјата одлучуваат граѓаните, а не странски државници!

Лидерите на унионистичките партии во Северна Ирска упатија низа критики до американскиот претседател Доналд Трамп, откако тој изјави дека „би сакал да види“ обединета Ирска. Тие му порачаа на Трамп дека „за уставната иднина на земјата ја одлучуваат исклучиво нејзините граѓани, а не странски државници“, пренесоа британските медиуми.

АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“.

To top