Бизнис

За неколку дена „Визер“ воведува нови линии од Скопје до Прага и Келн, расте бројот на патници

Од септември лани до сега, воведени се 21 нова авиолинија до Скопскиот и Охридскиот аеродром. Ова, според Владата, претставува најголем број нови дестинации воспоставени од која било држава во регионот.

Од 15 декември, Виз ер ќе воведе 2 нови линии од Скопје до Прага и Келн, со што вкупниот број рути од македонската престолнина ќе се зголеми на 49. Па така, бројот на патници на двата македонски аеродроми продолжува да расте од почетокот на годината. Последните статистики покажуваат дека Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид опслужиле 3.180.521 патник од јануари до ноември оваа година, што е зголемување од 8% во споредба со истиот период минатата година. Во исто време, реализирани се вкупно 24.481 лет, што претставува раст од 4% во споредба со 2024. Моментално, вкупно 15 авиокомпании летаат кон 47 дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје.

TАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на АДП Групацијата, го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје. Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски ја изненадија 3 милионитата патничка додека се пријавуваше на летот Скопје – Бари, информирајќи ја дека токму таа го одбележува значајниот момент за скопскиот аеродром и дека ќе добие награда.

Среќната добитничка е Милена Таскова од Скопје.

TАВ Македонија и сестринските компании БТА, АТУ и ТАВ МОС ја наградија среќната патничка со бесплатни услуги на аеродромот и производи од бизнис – салонот, рестораните и продавницата за безцаринска продажба, додека Вие ер додели две повратни авионски билети од Скопје до дестинација на авиокомпанијата по избор на патничката.

  • „До крајот на годината, според нашите пресметки, очекуваме Меѓународниот Аеродром Скопје да достигне вкупно 3,2 милиони патници, а аеродромот во Охрид да достигне 262 илјади патници, што во целост во споредба со 2010 година претставува 5 кратен раст. За споредба, првата година на нашето работење, 2010 година, заврши со 684.905 патници на Меѓународниот аеродром Скопје, така што во 2014 година достигнавме 1 милионтиот патник, во 2018 година 2 милионтиот, а денес прославуваме 3 милионтиот патник, што јасно го покажува нашиот визионерски пристап, стратегија и заедничката работа со Владата како наш партнер“, изјави Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.

 Тој посочи дека овој успех докажува дека секој чекор направен со визија, труд и посветеност води до резултати што ја менуваат реалноста.

  • „Она што некогаш изгледаше како далечна цел, денес е реализирана задача што го отвора патот за уште поголеми можности. Овој момент е доказ дека ТАВ Македонија и целиот тим продолжуваат да растат, напредуваат и да поставуваат нови стандарди во воздушниот сообраќај во земјата. Со иста енергија и одговорност ќе продолжиме да создаваме нови успеси, нови причини за гордост и подобро искуство за секој патник кој поминува низ нашите врати“, потенцираше Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Од септември лани до сега, воведени се 21 нова авиолинија до Скопскиот и Охридскиот аеродром. Ова, според Владата, претставува најголем број нови дестинации воспоставени од која било држава во регионот.

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top