Тема: Бехтел и Енка

Се работи како никогаш до сега – на автопатиштата на коридорите 8 и 10д ангажирани 2.277 луѓе

До крајот на септември извршени се ископувања на 4,1 милион метри кубни земја и еден милиони метри кубни материјал за пополнување. Во септември немало исплати кон изведувачот, кому во август му беа префрлени 1,2 милијарди денари.

„Бехтел и Енка“ работат со полна пареа на изградба на новите патишта

Продолжуваат почнатите активности за поставување столбови, темели, греди на мостови, надвозници и подвозници за делниците Тетово-Гостивар, Гостивар Букојчани и Прилеп Битола. Се работи на шест мостови, четири надвозници и три подвозници.

Првите 11 километри од автопатот Прилеп-Битола ќе се готови до крајот на 2026, рече Николоски

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива одлично. Задоволен сум од изведбата. Очекуваме кон крајот на 2026 година да ги имаме функционални првите 11 километри, а целиот автопатод 40 километри да биде готов кон крајот на 2027, вели Николоски.

To top