Тема: дождови

(Фото): Надојдената вода за само 10 минути однесе 120 јагниња и 100 овци

Надојдената вода од реката Тркања вчера попладне однесе 120 јагниња и 100 овци од шталата на Никола Колев во селото Костурино, лоцирана на местото Шепово. Според сопственикот, сѐ се случило за помалку од 10 минути, а надојдената вода носела сѐ пред себе.

(Фото): Одрони, поплавени објекти – дождот прави проблеми низ цела Македонија

Поплавено е земјоделско земјиште и дел од дворови во тетовско, а ЦУК информира за излевање на реката Вардар во селото Балин Дол, како и излевање на Лукавичка река во селото Мало Турчане и Сушичка Река во селото Горно Бањице. Поголем одрон има и на патот село Татеши – село Мислодрежда. Во Охрид пријавени се поплавени подруми, гаражни и дворови на повеќе локации. Според ЦУК, засега стабилна е ситуацијата во Кумановско и Скопско.

ЦУК: Обилните дождови го зголемија водостојот на реките

Апелираме до граѓаните да избегнуваат движење во близина на речни корита, мостови и поплавени површини, да ги следат упатствата на надлежните служби, а доколку забележат било каква опасност – веднаш да пријават на бесплатниот број за итни повици 112 во ЦУК, посочува директорот на ЦУК Мухамед Али.

To top