Македонија

Бујар Османи ја кодоши Македонија пред меѓународната заедница

Тврди дека Владата погрешно ја претставува природата на студентските протести, етикетирајќи ги како партиски, а ваквите обиди за заблуда, како што вели, не ја одразуваат вистинската грижа на студентите кои се директно поврзани со спроведувањето на постојните права.

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, соопшти дека се обратил до претставниците на меѓународната заедница во врска со протестите од понеделникот на кои студенти го изразија своето незадоволство поради неможноста да го полагаат правосудниот испит на албански јазик.

Во писмото до меѓународниот фактор, Османи посочил дека Владата погрешно ја претставува природата на студентските протести, етикетирајќи ги како партиски, а ваквите обиди за заблуда, како што вели, не ја одразуваат вистинската грижа на студентите кои се директно поврзани со спроведувањето на постојните права.

„Во овој контекст, ги разјаснив и неточните толкувања на мислењето на Венецијанската комисија. Мислењето од март 2025 година не се однесува на ограничувањето на јазичните права и не се повикува на нашето законодавство, туку се фокусира на практичните аспекти на спроведувањето, како што се трошоците и логистичката поддршка, нагласувајќи дека ова се минимални стандарди што мора да се исполнат“, пишува османи.

Според него комуникацијата со меѓународната заедница базирана на факти и фер прикажување на реалноста е клучна во време кога е потребна целосна имплементација на правата.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека Владата ги информирала НАТО и ЕУ за обид за дестабилизација од страна на опозицијата за време на протестот во Скопје, на кој студенти бараа полагањето на правосудниот испит да се спроведува и на нивниот мајчин, албански јазик. Според премиерот, присуството на голем број опозициски активисти и високи функционери му дале политичка конотација на протестот од понеделникот.

Мицкоски: Опозицијата преку студентските протести се обидува да ја дестабилизира Македонија

Најнови вести од: Македонија

„МКД.мк“: Во Липково вчера се „славеше„ „слободна територија Карадак“ од конфликтот во 2001 година!

Во Липково вчера беше „прославен“ 2 мај, за општината познат како „Ден на прогласувањето на слободната зона Карадак“, Кумановско, и како Ден на општината. На својот фејсбук-профил пратеникот Ријад Шаќири од Алијансата на Албанците од колицијата Вреди, напиша дека заедно со градоначалникот Еркан Арифи (од ДУИ), општинските советници на гробиштата „оддадоа почит на мачениците кои ги положија своите животи во 2001 година“. Ова го објави информативниот портал „МКД.мк“

Али Ахмети го „прослави“ 2 мај, „Денот на прогласувањето на Карадак како зона ослободена од УЧК во 2001“ и порача: Тоа е и натаму „симбол на отпор“!

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера го „прослави“ 2 мај „Денот на прогласувањето на Карадак како ослободена територија“ од страна на УЧК во 2001 година“, означувајќи го овој датум како „важен момент во новата историја“. „Во Слупчане е напишана една од најзначајните страници, а прогласувањето на Карадак како слободна зона е доказ за решителност за слобода, достоинство и еднаквост. Карадак и неговите жители остануваат симбол на отпор и единство за поправична иднина.“ – рече Ахмети. Со оваа своја порака тој отвори дилема: каков „симбол на отпор“, но и кон кого, продолжува да биде и денес ова „прогласување територија ослободена од борците на УЧК во мај 2001“?! Претседателот на ДУИ Ахмети „прославува“ и денес „25 години од прогласувањето слободна зона“ инаку на територијата на унитарната држава Македонија!

Османи ќе се „жали“ во ЕУ за „влошувањето на меѓуетничките односи и кршењето на Охридскиот договор“, но и за евроинтеграцијата

„Потпретседателот на ДУИ Бујар Османи е во дводневна работна посета на Брисел, каде што ќе оствари серија средби со претставници на Европската комисија, Службата за надворешни работи на ЕУ, како и со европратеници. Според најавата, во центарот на вниманието на овие средби ќе бидат прашања поврзани со европската перспектива на земјата, забрзувањето на евроинтеграцијата и актуелните политички предизвици.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

ВМРО ДПМНЕ: СДС и Филипче водат политика за корист на кланот Заеви и подготвени се да ги дораспродадат македонските интереси со лажната проевропска агенда!

„Филипче тоне во сервилност без крај и води лажна проевропска агенда додека во реалноста нема план и стратегија.“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ во своето денешно соопштение.

Најнови вести

To top