Тема: ДУИ

Сали до Ахмети: Зошто вашето семејство купи акции од Мијалков и тие завршија во банката на Вучиќ? Колку милиони евра чини вашиот „патриотизам“?

„Политичката афера на лидерот на ДУИ Али Ахмети и неговата партија ДУИ е и криминал, што бара итна одговорност!“ – став на коалицијата Вреди, кој го искажа пратеникот од нејзините редови Беким Сали.

Активистот Бесар Лимани излезе од ДУИ и советот на огранокот во Теарце, со повик и другите да не бидат заложници на интересите на клановите во ДУИ

Информативните портали на албански јазик во Македонија известуваат дека ова е само најновиот случај во низата заминувања членови и активисти од ДУИ, кои ѝ се приклучија на коалицијата Вреди.

Ибрахими до Ахмети и ДУИ: Вие сте алчни, со болни амбиции за моќ и пари, ги уништувате стремежите на албанскиот народ за еднаквост и правда!

Орхан Ибрахими, поранешниот пратеник од редовите на ДПА во Собранието на Македонија, сега основач и еден од тројцата членови на Управниот совет на политичкото движење „Арберија“, кое ѝ се приклучи неодамна на коалицијата Вреди, во својот жесток напад кон ДУИ вели дека таа и не е партија, туку „параполитички субјект“, кој “парадира од 2002 година и сега во секој изборен циклус со чудни коалиции и со анахрони агенди“!

Судирот на Мерко со ДУИ и Ахмети е одраз на расколот и вриежите во партијата, од која преминуваат во Вреди десеттици активисти и цели структури!

Косовскиот новинар и политички аналитичар Батон Хаџиу во август годинава во своја колумна нагласи дека „Али Ахмети е веќе влезен во циклус на самоуништување“, а оти за ДУИ локалните избори ќе претставуваат „политички погреб уште во првиот круг на гласањето“!

To top