Тема: гласање

Секој збор може да е казнет – од полноќ почнува изборниот молк за вториот круг

Вечерва на полноќ почнува изборниот молк за политичката кампања за Локалните избори 2025. Молкот, кој почнува вечерва во 0:01 часот, ќе трае до 19:00 часот на 2 ноември, односно денот на изборите во моментот на затворање на гласачките места. За време на молкот медиумите смеат да известуваат за изборите, како и за текот на гласањето, но смеат да објавуваат предизборно рекламирање на кандидатите и нивните партии.

Буџетот за 2026 под лупа: Ќе биде финансиски стабилен или пак зависен од кредити?!

Со Предлог-буџетот, буџетскиот дефицит е проектиран на 3,5 проценти од БДП или 637 милиони евра. Капиталните инвестиции се намалени и проектирани на 650 милиони евра. За покривање на долгот, планирано е да се задолжиме околу 1,7 милијарди евра, од кои 950 милиони преку еврообврзница.

Стевчо Јакимовски треба да стане минато за Карпош, порача Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата убедливо победиле со советничките листи. Мицкоски е убеден дека по вториот круг ВМРО-ДПМНЕ ќе има 60 градоначалници сосе Градот Скопје. Мицкоски зборуваше за актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

(Видео): Цело Скопје ќе биде чисто за 72 часа откако ќе станам градоначалник, рече Ѓорѓиевски

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вели дека како градоначалник на метерополата за 72 часа ќе го исчистел цело ѓубре, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски повика масовно да се излезе на изборите в недела за гласот да не заврши кај оние што ја уништуваа Македонија

Во Скопје и секаде низ татковината не смееме да дозволиме повторно да се поделат гласовите. Не смееме да дозволиме гласот за промени да заврши кај тие што ја уништија Македонија, гласот за партии кои немаат сила да победат, кои ќе земат мал процент само за потоа да се распродаваат е глас кој ќе послужи како полтронси мост преку лкој СДСМ и ДУИ повторно ќе обидат да се вратат на власт. Ова не се обични избори, ова е избор помеѓу минатото и иднината, меѓу пропаста и обновата, рече премиерот.

To top