Македонија

Во затворот во Штип право на глас имаат 221 осудено лице од 42 општини и за Град Скопје

Со право на глас се 221 осуденици од 42 општини

Без никакви проблеми, точно навреме е отворено гласачкото место во штипскиот Затвор. Со право на глас се 221 осуденици од 42 општини кои може да гласаат за кандидати за градоначалници, советнички листи и за градоначлник на град Скопје.

„ Нашето гласачко место беше отворено точно навреме, во 7часот.  Вкупно гласачи имаме 221. Од цела Македонија, има затвореници. За Скопје, се гласа и за градоначалник и за советници, како и за други скопски општини. Вкупно се 42 лица и досега гласањето се одвива нормално, без никакви проблеми„ изјави Жаклина Парчаклиева, член на избирачкиот одбор во штипскиот Затвор.

Откако ќе гласаат, осудениците ги ставт гласачките ливчиња во плико и ги спуштаат во две посебни гласачки кутии-едната за градоначалник, а другата за советници

Покрај осудниците, денеска гласаат старите и изнемоштени лица. По дистрибуција на избирачкиот матрејал, членовите на избирачките одбори се упатија во домовите на граѓаните, кои поради здравствени причини не можат дад гласат на своето избирачко место.

„Сите 152 пријави беа прифатени, односно усвоени и сите 152 лица ќе можат да го остварат своето право на глас во домашни услови„ изјави Виктор Ваце, претседател на ОИК-Штип.

Екипата на Тв Алфа  го посетиле домот на 78 годишната штипјанка Ленка Божанова. Поради болест, таа на овие локални избори прв пат ќе гласа во домашни услови..

„ Ова ми е прв пат да гласам дома. Досега сум гласала на сите избори„ изјави Ленка Божинова.

„ Се запазува приватноста, овде е и полномошникот, кој помага при гласањето доколку не е во можност болниот. Неговите гласачки ливчиња се стават во плик„ изјави Билјана Патраклилева-претседател на ИО.

На вие локални избори во општина Штип, со право на глас се 41.411 граѓани.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top