Тема: Христијан Мицкоски

Мицкоски: Државава е веќе консолидирана по затекнатиот распад и пустошот! По изборите следат жестока работа и големи резултати!

„Го расклопија системот парче по парче, како да бил нивни личен имот. Но ние сега градиме систем, што во иднина ќе функционира без оглед на тоа кој е на власт, долгорочно и со коренити промени, затоа што државата не е ничија приватна фирма, туку наш заеднички дом.“ – рече премиерот на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на завршниот митинг во Скопје пред гласањето за вториот круг на локалните избори в недела.

Мицкоски: Ќе нема енергетска криза, подготвени сме и работиме тоа да не се случи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска увери дека нема опасност од енергетска криза или недостиг на гас поради санкциите на САД и ЕУ кон Русија, нагласувајќи дека Владата е подготвена и работи на спречување на такви проблеми.

To top