Тема: ИПА

ИПАРД-3 програмата не е блокирана, цело време се склучуваат договори

Министерот објасни дека веднаш по сознанијата за злоупотреби од страна на директорот и други лица, бил активиран Националниот механизам, по што националниот координатор презел мерки за брза реакција и привремено стопирање на работата на Платежната агенција со цел да се утврди што точно се случувало.

Земјоделците можат да здивнат, наскоро ќе се одблокираат парите од ИПАРД-3

Од сега, нов директор на платежната агенција е Даниела Лазарова Иротова, поранешен државен советник во Министерството за земјоделство која ќе ги движи процесите во Агенцијата за да нема паника кај земјоделците.

Земјоделците да не се грижат, се врши контрола на договорите – ќе ја информираме ЕУ за исходот, рече Трипуновски

Одма по акцијата каде беа приведени повеќе лица вклучувајќи го и директорот, нашиот национален механизам е на стопирање на дел од исплатата на ИПАРД средствата. Тоа е наша брза реакција за да провериме што во суштина се случувало во самата агенција“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Како блокадата на ИПАРД-3 програмата ќе влијае врз земјоделците?!

За ИПАРД-3 програмата предвидени се 98 милиони евра, а исплатени досега се само 8. Од Министерството за финансии, велат дека се работи на 73 апликации кои тежат над 20 милиони евра, но нивното одобрување и исплата ќе зависи од исходот на скандалот со платежната агенција. Во просек на годишно ниво агенцијата доделувa околу 500-тини грантови за инвестиции.

To top