Бизнис

Земјоделците можат да здивнат, наскоро ќе се одблокираат парите од ИПАРД-3

Од сега, нов директор на платежната агенција е Даниела Лазарова Иротова, поранешен државен советник во Министерството за земјоделство која ќе ги движи процесите во Агенцијата за да нема паника кај земјоделците.

Институциите при Министерството за финансии ги почнаа контролите на ИПАРД-2 и ќе се воведат контролни механизми за да се зајакне процесот, изјави министерот за земјоделство Цветан Трипуновски кој денеска беше во Тутунскиот комбинат Прилеп пред почетокот на откупот на тутунот. Владата, посочи, е таа што ги стопира средствата од ИПАРД-3 програмата и таа ќе ја симне блокадата откако ќе завршат проверките. Трипуноски не може да прецизира до кога ќе траат, но за релативно брзо ќе има официјален податок.

  • Се прават дополнителни проверки и веднаш по таа проверка ќе си продолжи ИПАРД програмата да функционира во еден нормален тек, а Брисел ќе го известиме со конкретен план и кои контролни механизми ќе ги воведеме за да го дозајакнеме самиот процес. Сакам уште еднаш да бидам прецизно јасен – средствата од ИПАРД-3 програмата не се стопирани од Брисел, туку ги блокираа нашите структури за дополнително да провериме што се случувало во самата институција, Платежната агенција. Проверките ги прави посебното тело во состав на Министерството за финансии, инаку национален координатор за ИПА структурите. Колку ќе трае контролата не можам да кажам, но за многу скоро ќе се излезе со официјален податок. Повторувам, кога ние ја носиме одлуката за стопирање, ние ја носиме и одлуката за деблокирање на самиот процес, изјави Трипуновски.

Што се однесува до националната програма и исплатите, како што се субвенциите од јавните повици, меѓу кои за млад земјоделец, нема никаков проблем и таа програма продолжува.

  • Во делот на националните плаќања, јавните повици кои ги имаше Агенцијата, тие веднаш ќе си продолжат со нормална динамика да се спроведуваат, рече Трипуновски.

Од денеска, како што кажа, нов директор на платежната агенција е Даниела Лазарова Иротова, поранешен државен советник во Министерството за земјоделство која ќе ги движи процесите во Агенцијата за да нема паника кај земјоделците.

  • На последната владина седница минатата недела назначен е нов директор на Платежната агенција кој од денеска стапува на должност и ќе ги движи процесите во нормален тек за да не се појави паника или загриженост кај земјоделците, туку ќе продолжиме со тековно работење на Агенцијата. Новиот директор е Даниела Лазарова Иротова, поранешен државен соверник во Министерството за земјоделство, образложи министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.

Инаку, ИПАРД-3 програмата е од 128 милиони евра и е седумгодишна, од 2021 до 2027 година. Дел средства се искористени.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top