Бизнис

Како блокадата на ИПАРД-3 програмата ќе влијае врз земјоделците?!

За ИПАРД-3 програмата предвидени се 98 милиони евра, а исплатени досега се само 8. Од Министерството за финансии, велат дека се работи на 73 апликации кои тежат над 20 милиони евра, но нивното одобрување и исплата ќе зависи од исходот на скандалот со платежната агенција. Во просек на годишно ниво агенцијата доделувa околу 500-тини грантови за инвестиции.

Колкава ќе биде штетата од скандалот со ИПАРД Фондовите и како тоа ќе влијае врз земјоделците, кои вложиле и чекаат финансиска поддршка е прашањето кое се отвора по аферата со мито за доделување на ИПАРД средства, која деновиве ја бранува јавноста. Од Националната земјоделска мрежа за 24 објаснуваат дека најмалку 400 апликанти се засегнати со овој проблем.

И потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Гоце Серафимов посочува дека единствена опција во моментов е само да се почека и да се види каков ќе биде исходот, но дека парите кои земјоделците ги чекаат за да ги реализираат планираните инвестиции се веќе вложени од нивна страна и ова претставува дополнителен удар врз земјоделството, бидејќи како што кажа станува збор за големи суми.

Инаку, за ИПАРД-3 програмата предвидени се 98 милиони евра, а исплатени досега се само 8. Од Министерството за финансии, велат дека се работи на 73 апликации кои тежат над 20 милиони евра, но нивното одобрување и исплата ќе зависи од исходот на скандалот со платежната агенција. Во просек на годишно ниво агенцијата доделувa околу 500-тини грантови за инвестиции.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top