Тема: исплата

Нето наплатата на даноците и социјалните придонеси за 260 милиони евра повеќе отколку лани, велат од УЈП

Во првите десет месеци, имаме раст на даночната нето наплата од над 6%, а кај социјалните придонеси, речиси 10%. Што ни кажуваат овие бројки? Тие ни го кажуваат најважното: економијата расте, активноста се зголемува, а со тоа растат и приходите. Тоа е резултат не само на поефикасната работа на УЈП, туку и на поголемата дисциплина и одговорност кај обврзниците, велат од УЈП.

Земјоделците да не се грижат, се врши контрола на договорите – ќе ја информираме ЕУ за исходот, рече Трипуновски

Одма по акцијата каде беа приведени повеќе лица вклучувајќи го и директорот, нашиот национален механизам е на стопирање на дел од исплатата на ИПАРД средствата. Тоа е наша брза реакција за да провериме што во суштина се случувало во самата агенција“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Колку пари годинава ќе изнесува Регресот за годишен одмор, односно популарниот К-15?!

На нешто повеќе од еден месец пред истекот на законската обврска за исплата на годинешниот регрес за годишен одмор, оваа обврска ја исполниле повеќе од една четвртина од газдите. Од Управата за јавни приходи велат дека заклучно со 4 октомври, К-15 добиле 137.840 работници.

Колку пари годинава работниците ќе земат од К-15?!

Од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) велат дека за 2025 година е обезбеден регрес за годишен одмор за околу 600 илјади вработени во приватниот и во јавниот сектор согласно со двата потпишани општи колективни договори. Во приватниот сектор, регресот за годишен одмор ќе чини 300 евра, а во јавниот сектор 100 евра помалку. Во подобро ситуираните компании даваат регрес кој е речиси трипати поголем од законски пропишаниот, односно и преку 50.000 денари.

To top