Бизнис

(Видео): Прераспределбата на буџетските средства е вообичаена пракса, рече министерката за финансии

Димитриеска-Кочоска рече дека дел од средствата од прераспределбата ќе бидат наменети за компанијата „Бехтел и Енка“ за изградба на инфраструктурните проекти. На прашањето дали прераспределбата се врши за исплата на наводно задоцнети средства за породолно отсуство, министерката негираше дека има информации за доцнење од два месеца.

Прераспределбата на средствата меѓу буџетските корисници е вообичаена пракса, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Таа додава дека таа пракса се случува во континуитет. Ова е одговор на прашањата во врска со Одлуката за прераспределба на средствата помеѓу буџетските корисници на централната власт и фондовите, која денеска помина во Собрание.

Министерката посочи дека прераспределбата е резултат на увидот дека некои ставки нема да се реализираат до крајот на годината, додека други имаат потреба од дополнително финансирање. Таа нагласи дека ова не е исклучок, потсетувајќи дека претходниот министер имал две прераспределби на крајот на 2023 година, покрај ребалансот.

  • „Претходниот министер двапати имаше прераспределба во 2023 година на крајот од годината, две прераспределби покрај ребалансот. Значи, ова е вообичаена пракса којашто не е исклучок годинава“, рече Димитриеска-Кочоска.

Димитриеска-Кочоска потврди дека дел од средствата од прераспределбата ќе бидат наменети за компанијата „Бехтел и Енка“ за изградба на инфраструктурните проекти. На прашањето дали прераспределбата се врши за исплата на наводно задоцнети средства за породолно отсуство, министерката негираше дека има информации за доцнење од два месеца.

  • „Напротив, ФЗОМ секогаш дава приоритет на исплата на овие средства. Вие велите се доцни, јас немам таква информација. Треба да ги видиме оние другите коишто се во систем, па да видиме дали доцни или не. Така што не можам да се согласам со тој дел дека имаме задоцнување“, додава Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде и дека средствата за пензии се земени од други стапки, а не од буџетот на Министерството за одбрана, каде што има прераспределба во рамките на нивниот постоечки буџет.

Министерката ја објасни и одлуката да продолжи стапката на ДДВ од пет проценти за становите, велејќи дека таа е донесена врз основа на направени анализи. Димитриеска-Кочоска информира дека интересот за Граѓанската обврзница е „многу поголем од тоа што ние го објавивме“, додавајќи дека се чека 10 декември за да се објави точниот износ, но дека ќе го прифатат целиот пројавен интерес.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top