Тема: избор

Егејска Македонија меѓу „неважните места“ во Грција и чувство на „етничка исклученост“ кај Македонците од грчките економски политики

Концептот на „географијата на економско незадоволство“ на д-р Андрес Родригез-Позе, професор по економска географија во Лондонската школа за економија и политички науки, надополнет од други експерти и со „географија на политичко незадоволство“, во овие месеци од 2026 година е јасно видлив во редица региони и градови во Грција. Во оваа држава има зголемени територијални нееднаквости на регионите во нивниот економски развој. Кажано со терминологијата на Позе, во Грција тоа се „места кои не се важни“, „заборавени од далечните елити“ и упаднати во „развојна стапица“, што означува оневозможеност на развојот за односните региони.. Народски кажано, ваквите во значителна, или во голема мера „забаталени места“ се наоѓаат во северниот дел на Грција, во нејзините периферни, пригранични административно – управни региони Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија и Тракија. Станува збор за градовите и селата во регионите на: Лерин (Флорина), Костур (Касторија) Воден (Едеса), Кукуш (Килкис), Сер (Серес), Пазар (Јаница), Саботско (Аридеа) и Драма (Драма). Дали е „случајно“, или не е, тоа што овие „неважни места“ се, поправо, Егејскиот дел на некогашната етногеографска Македонија, но и тоа што, во нив, покрај други, живее и македонско население во поголема, или помала мера?!

Теодосиевски: Мафијашите од коруптивно-криминалната коалиција го распродаваа македонскиот идентитет и ја тероризираа РМ од 2017 до 2024, оставајќи ја во катастрофа!

Оваа и ваква „опозиција“ ни по бројноста ниту пак по сериозноста на настапот може да се факторизира без поширока поддршка. Од каде? Од интелектуалната, академската, политичката, бизнис… мафија инсталирана во текот на изминатите три децении, а реанимирана и дополнета во спомнатиот период 2017-2024 година. Насловот можеше да биде дури и поексплицитен, на пример „Ај честито, мафијо“, или „Да живее автономијата на универзитетот“ итн. И ќе нагласеше одделни сегменти од мафијашките односи во државава актуелни во овој миг, па другите ќе останеа во сенка. Зашто широчината и длабочината на катастрофата на државата е огромна! Ова го нагласува Златко Теодосиевски во својата колумна со наслов „ Интелектуално-мафијашка врева“, која ја објави „Плус инфо“.

Сиљановска – Давкова: Му честитав за победата на Радев, очекувам конструктивен однос и разбирање на потребата за проширување

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова во телефонски разговор му ја честитала победата на парламентарните избори на поранешниот бугарски претседател, сега лидер на Прогресивна Бугарија, Румен Радев, и нагласила дека очекува од новата бугарска влада  конструктивен однос и разбирање на потребата за проширување.

To top