Македонија

Денеска освежување, но наместа можно и невреме

Од утре следува период на претежно стабилно и потопло време

Времето денес ќе биде променливо со облачност, со обилни врнежи од дожд и грмотевици. Локално, процесите ќе бидат во форма на краткотрајни бури придружени со силен ветер (над 60 километри на час), електрични празнења и изолиран град.

Минималната температура ќе биде во опсег од 9 до 16 степени, додека максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Пообилни врнежи ќе име наместа и до  30 л/м2 проследени со грмежи, соопшти УХМР.

Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер (над 60 km/h), електрични празнења и изолирана појава на град.

Во Полошкиот регион, во источните и североисточните делови ќе дува засилен дос илен ветар кој наместа ќе достигнува брзина од 60 километри на час.

Од утре селдува период на претежно стабилно и потопло време.

Во Скопје, денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер, грмежи и услови за појава на град. Потоа времеето ќе биде претежно стабилно и топло.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top