Тема: изградба

Ќе се гради двоколосечна електрифицирана пруга до 200 км/ч за патнички сообраќај

Македонските железници работат на пруги стари повеќе од половина век, со прагови поставени уште во шеесеттите години, возови што се движат со 10 км/ч и драматичниот пад на бројот на вработени – тоа ја открива длабочината на децениското занемарување на ова претпријатие, вели директорот на Македонски железници – Транспорт, Синиша Ивановски.

Се работи како никогаш до сега – на автопатиштата на коридорите 8 и 10д ангажирани 2.277 луѓе

До крајот на септември извршени се ископувања на 4,1 милион метри кубни земја и еден милиони метри кубни материјал за пополнување. Во септември немало исплати кон изведувачот, кому во август му беа префрлени 1,2 милијарди денари.

Целосно ќе се реконструира Железничката станица во Скопје

Директорот на ЈП „Железници – инфраструктура“ најави дека за најмалку една година се очекува да се изработува проектот, по што ќе следува обезбедување финансиски и градежни работи, што треба да завршат за пет до шест години, истовремено со пуштањето на брзата пруга на Коридорот 10 и на железничкиот крак до скопскиот аеродром.

Автопатот Скопје-Блаце треба да започне со градба до почетокот на следната година

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, најави дека автопатот до граничниот премин Блаце ќе почне да се гради на почетокот на следната година и треба да биде готов за три години, односно до почетокот на 2029-та.

Трајановски: За само една година пуштивме 101 километар патишта вредни 200 милиони евра

Го завршивме патот Страцин-Длабочица, Длабочица-Крива Паланка, кој е во вредност од околу 100-тина милиони евра, како и патот Градско-Дреново, па Дреново-Фариш, патот од почетокот на Гевгелија па се до влезот во Богданци, патот од Охрид до Свети Наум, вели Трајановски.

To top