Тема: Каја Калас

Каја Калас: САД сакаат да ја поделат Европа за да не стане нивен конкурент

Шефицата на европската дипломатија и поранешна естонска премиерка Каја Калас во интервју за „Фајненшл Тајмс“ објавено вчера изнесе остри обвинувања кон Соединетите Американски Држави, тврдејќи дека Вашингтон активно се труди да ја подели Европа за да спречи нејзино зајакнување како економски и геополитички конкурент.

„Политико“: Европскиот топ-дипломат Каја Калас ја нарекува претседателката на ЕК Урсула Лаен „диктатор“!

„Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, приватно ја нарекува претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ‘диктатор’, признавајќи дека ‘нема вистинска моќ да влијае врз неа’.“ – објави бриселскиот аналитички портал „Политико“ во својата анализа со наслов „Петте најтешки работни места во Брисел“. Изворите на „Политико“ посочуваат на „тековните несогласувања и промени на моќта во највисоките ешалони на ЕУ“.

Калас: Сега е вистинско време да се почне со пиење алкохол?!

„Политико“, повикувајќи се на сопствени извори, објави дека највисокиот дипломат на ЕУ, за време на состанокот со политичките групи на Европскиот совет, навидум шегувајќи се изјавила дека поради моментната глобална ситуација сега е „совршено време да се почне со пиење“. Калас им рекла на лидерите на политичките групи во Европскиот парламент дека иако обично пие малку, со оглед на светските настани, сега можеби е време да почне. Сепак, Калас додала, за секој случај, дека самата таа не е најголем обожавател на алкохол.

Калас: Украина не смее да отстапува територии, Русија мора да се соочи со последици

Принципот на територијалниот интегритет на Украина мора да се почитува, бидејќи ако земјата направи територијални отстапки кон Русија, тоа ќе испрати порака дека агресијата се исплати и дека секој може да користи сила против своите соседи за да го добие она што го сака, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас

To top