Тема: Македонија

(Видео): Извозот, образованието и регионалната соработка приоритети во работењето Комората

Во економскиот магазин бизнисмените отворено зборуваат за актуелните состојби со извозот, регионалната соработка и со образованието, како и за својата професионална работа и придонесот што го даваат во Комората.

Превозниците од Македонија,Србија и БиХ најавија блокада доколку не се реши проблемот со EES

Здруженијата на транспортни оператори од Македонија,Србија и Босна и Херцеговина издадоа заедничко предупредување дека, доколку не се реши проблемот предизвикан од новиот Entry/Exit System (EES) на Шенген зоната, кој стапува во сила од 10 април 2026 година, ќе дојде до блокада на шенгенските граници.

Дали денешната средба на косовското Ветвендосје на Албин Курти со Албанци во Скопје е најава дека ќе ги прошири активностите и во Македонија?!

Веќе 14 години во оптек е идејата, поточно намерата на Албин Курти, доскорешен премиер на Косово, и актуелен лидер на косовската партија Движење Ветвендосје (Самоопределување) да отвори свој огранок, или центар, и во Македонија. Засега нема поблиски информации дали би можело наскоро таа идеја и намера да се реализира, со тоа што партијата на Курти би го проширила своето политичко дејствување и на територијата на Македонија. Инаку, Ветвендосје одржува блиски контакти и тесна соработка со коалицијата Вреди.

Струјата поскапува од 1 јануари, но не многу – сметките ќе пораснат за околу 60 денари

Сметките за струја од 1 јануари идната година ќе се зголемат од 57 денари месечно за домаќинствата што трошат само во првиот блок, до 900 денари за оние кои влегуваат во најскапиот, четврти блок. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски појасни дека оваа одлука е конечна и донесена и покрај барањето на ЕВН хоум за значително поголемо зголемување на цената на струјата

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Велика Британија

Во интервјуто за „360 степени“ на Првата програма на Македонската телевизија министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека и покрај тоа што најповиканите во државата – претседателката, премиерот, министерот за надворешни и министерот за внатрешни работи, одговориле на темата, опозицијата одлучи сè уште да ја шири таа паника.  Тој смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава шпекулативно ја отвориле медиуми од Велика Британија и тоа не само за Македонија. „Таква дискусија и намера од нашата влада ниту имало, ниту ќе има. Во ниедна форма, и легални и нелегални, вакви, такви, никакви мигранти нема да бидат примени во нашата држава врз основа на која било форма на договор со Велика Британија.“ – нагласува министерот Муцунски.

To top