Македонија

Важни вести за Македонија од Брисел: „Политико“ јавува за „планот за двостепена ЕУ“ и „отежнување на правото да се користи ветото“!

„ Новите предлози ќе понудат можност да се стане членка на ЕУ, но ќе се ограничат некои права за донесување одлуки – а можните членки се поделени. Земјите што чекаа со години да се приклучат кон ЕУ се поделени околу плановите, што се изготвуваат во Брисел, за да им се дозволи да станат членки без вообичаеното полноправно право на глас. Меѓу малкуте земји во Источна Европа и Западен Балкан, кои се во ред за пристапување кон блокот, се појавува поделба околу условите поврзани со нивните апликации. Некои инсистираат дека треба да ги добијат сите придобивки од блокот, додека други се среќни само што се на масата.“ – објави денес аналитичкиот магазин за европски прашања „Политико“ од Брисел за моментните расправи, кои се водат во Брисел за планот за „двостепена ЕУ“, што може да има соодветно значење за евроинтеграцијата на Македонија.

Во информацијата со наслов „Земјите се поделени околу плановите за двостепена ЕУ“, натаму „Политико“ пишува: За да ги смири загриженостите на постојните членки дека поголема ЕУ би го отежнала донесувањето едногласни одлуки, Европската комисија размислува да им даде на новите членки целосни права на глас, само откако ЕУ ќе го преиспита начинот како таа функционира. Ова би им го отежнало на поединечните земји правото на вето и би спречило извртување на политиките. Во моментов, новите членки веднаш добиваат целосни права на глас, како што се случи кога најновата земја што се приклучи на ЕУ, Хрватска, влезе во 2013 година. Меѓу овластувањата, што првично би можеле да бидат ограничени, е правото на новите учесници да ги блокираат санкциите, меѓу другите прашања што во моментов бараат секоја земја од ЕУ да биде приклучена. Справувањето со заканите за вето од популистичките влади во Унгарија и Словачка се покажа како одземање многу време за лидерите.

Изгледите за приклучување без целосно право на глас предизвикуваат мешани реакции од земјите-кандидатки. Еди Рама, премиер на Албанија – која сега ги отвори сите таканаречени преговарачки кластери, низ кои ќе мора да работи – изјави за „Политико“ дека мерките се „добра идеја“ и оти неговата земја дури би прифатила за одреден временски период да нема свој комесар во Брисел. Албанија, рече тој, „не сакаше да ја оспори волјата на големите основачки членки како што се Франција и Германија“. „На крајот на краиштата, тие се возрасните во семејството кои ги носат важните одлуки“, рече тој, додавајќи дека „една предност за помалите членки на ЕУ е што ако поголемите земји „зае*аат нешто, тоа не е вина на новите членки“.

Висок молдавски функционер на Молдавија, кој побара анонимност за да зборува, изјави: „Полноправното членство со еднакви права и целосно учество во донесувањето одлуки во ЕУ мора да остане јасна и крајна цел.“ Црна Гора, најнапредната земја-кандидат на нејзиниот пат кон пристапување, исто така инсистира дека нема потреба да се преиспитуваат условите, под кои ќе ѝ биде доделено членство, искажувајќи очекување да заврши процесот на проверка оваа година.

Планот во врска со намалените права на глас беше предложен кон крајот на минатата година од страна на функционери и проевропски влади, за да се внесе живот во процесот на проширување, кој исто така е блокиран од Унгарија и неколку други престолнини, поради страв дека може да донесе несакана конкуренција за локалните пазари, или да ги компромитира безбедносните интереси. Унгарија постојано се закануваше дека ќе стави вето на приклучувањето на Украина кон ЕУ. Комесарот за проширување на ЕУ, Марта Кос, изјави за „Политико“ дека конкретни предлози ќе бидат изнесени „во февруари или март“.

Таа додаде дека „целосно нов елемент“ поттикнува ново чувство на итност: „Имаме надворешни деструктивни сили кои би сакале да не видат како пропаѓаме – тие работат против нашите земји-кандидатки, но ние сме главната цел“. Планот ќе треба детално да го развие Европската комисија пред да им биде презентиран на националните лидери и веројатно да се расправа за него на идните самити на Европскиот совет, како и да биде оценет од правници за да се види како се вклопува во основните договори на ЕУ. – објави денес „Политико“.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Кос: Македонија спроведе 56 отсто од предвидените реформи и ќе добие 71 милион евра

На самитот за Планот за раст, што се одржува во главниот град на Албанија, Тирана, еврокомесарката за проширување, Марта Кос направи преглед на достигнувањата на земјите од Западен Балкан со генерална оценка дека три земји постигнаа добар напредок во реформите, додека три други не ги искористија целосно понудените можности. Планот за раст, кој е во свoјата четврта година од реализација, предвидува исплата на средства според спроведените реформи и постигнатите резултати. Македонија ќе добие  нешто повеќе од половина од предвидените средства од ЕУ – 54 отсто, додека најдобра во искористувањето на европските пари е Црна Гора со 94 отсто.

Првата докторска дисертација за македонскиот јазик на Мазинг од 27.11.1890 „пепел“ ги прави фалсификатите на Бугарската академија на науки и шовинизмот на Софија!

На денешен ден, на 27 ноември 1890 година во царска Русија, на престижниот Дерптски универзитет (денешен Универзитет во Тарту, Естонија), балто-германскиот лингвист и полиглот Леонард Готхилф Мазинг ја одбранил својата докторска дисертација за македонскиот јазик со изворен наслов „За јазичната повелба на Македонските Словени. I. Застапеноста на tj и dj“ („Zur sprachlichen Beurteilung der macedonischen Slaven. I. Vertretung von tj und dj). Таа претставува прв врвен научен документ од ваков ранг во светската славистика, кој го третира македонскиот јазик како посебен лингвистички систем. Дисертацијата на Мазинг е неоспорлив европски научен доказ, кој целосно ги разобличува современите политички и академски тези за наводната „вештачка“ природа на македонскиот јазик и народ, кои доаѓаат од шовинистичките противмакедонски „кујни“ на официјална Софија и Бугарската академија на науки. Македонски Словени, македонски дијалекти – овие клучни поими во првата воопшто докторска дисертација за македонскиот јазик се европски научни сведоштва за македонската национална, идентитетска и јазична самобитност и засебност од другите балкански и европски народи, идентитети и јазици.

Разузнавачот Јовановски: Со уцени, закани, бугарската разузнавачка служба ни инсталираше врвни луѓе во политичкиот живот, од премиери до…

„Најголемиот успех на бугарската разузнавачка служба, а наш срам и неуспех , е тоа што таа нам ни изгради врвни луѓе и ни ги инсталира во врвниот општествен и политички живот. Од премиери, до ете, да не зборувам понатаму, тоа им е најголемиот успех. Еден ден ако бидам во можност, јас тоа ќе го ставам да се изучува во школите за разузнавање како пример – како една служба постапува во друга служба и држава. Спомнав и претходно, дали е со уцени со закани, со компромитирање или со друго мотивирање, останува прашање и не е битно, битно успехот е постигнат.“ – изјави поранешниот разузнавач и безбедносен аналитичар Владо Јовановски во интернет-емисијата „Наткаст“ на порталот „Курир“.

To top