Тема: македонска книжевност

Делото на Стале Попов – трајно книжевно сведоштво за опстојувањето и непокорот на Македонците и Македонија

„Македонскиот народ го подготвуваше својот запишувач Стале Попов со сите свои маки, радости и страдања, со сите свои напластени животни искуства низ времињата. А Стале Попов создаде разновидно книжевно дело за тој свој народ, една голема македонска книга на легенди и преданија, на обичаи и магии, на песни и ора, на тажалки. Тој создаде голема македонска книга и на долгите ропства и непрестајните бунтови, на отпорот и непокорот, на победите и поразите. За цело време Попов како да пишуваше само една единствена книга, можеби една од најмакедонските книги, која има име: Македонија“. – вака вдахновено има кажано академик Георги Старделов за Стале Попов, еден од најзначајните писатели во македонската книжевна историја, за авторот на романите со висока и трајна вредност „Крпен живот“, „Толе Паша“, „Калеш Анѓа“. Денес, на 10 март се навршуваат 61-на година од смртта на овој знаменит деец на македонската книжевна реч и воопшто на македонскиот јазик и ова е соодветна пригода за повторно навраќање на неговиот плодотворен живот и творештво.

To top