Македонија

Наставник (52) од Средното уметничко училиште во Скопје барал од 18-годишна ученичка да имаат сексуални односи – Полицијата го уапси!

СВР Скопје објави дека е уапсен наставник од средно училиште во Скопје поради вознемирување на 18-годишна ученичка од која барал да имаат сексуални односи. Станува збор за наставник од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, кого ученички го пријавиле кај директорот. Потоа бил суспендиран и била поднесена пријава против него во полиција.

„На 9 март 2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачјето на Општина Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.2.2026 до 2.3.2026 вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи.“ – соопшти МВР.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top