Колумни

Овчарани 2026 ги „разбуди“ духот на Метаксас и грчкиот шовинизам за „измислениот“ македонски јазик и Македонците како „ѓубриња на Балканот“! (1)

Грчката националистичка страница „Грција со висока дефиниција“ на општествената мрежа објави текст за „Контроверзното видео од Мелити“, односно од годинашниов фестивал на македонски ора и песни во Овчарани (на грчки: Мелити). По таа објава во изминативе 48 часа, на 9 и 10 септември, уследи силен бран од реакции на Грци со тешки навреди, пцости, омраза, омаловажувања и негаторски квалификации кон македонскиот народ и јазик, како и кон Република Македонија како држава Македонија.

Пишува: Свето Тоевски

Жестоки грчки антимакедонски реакции на фејсбук за Овчарани – еднакво жестоки противреакции и од Македонци на истиот фејсбук-профил

„Скопјаните, имателите на скопски пасош, се ѓубрето на Балканот!“; „Јазикот што се зборува и што се пее во Мелити е ‘квази-јазик’!“; „Не постои таков јазик, тоа е измислица!“;„Скопје и неговите жители немаат никаква врска со поимот Македонија!“; „Македонија е само една и таа е грчка!“; „Вистинската Македонија завршува на грчката граница!“; „Секој обид за употреба на името Македонија надвор од Грција е кражба на историјата!“ – ова се само дел од големиот број шовинистички и антимакедонски објави од Грци на фејсбук-профилот на грчката националистичка страница „Грција со висока дефиниција“ („Greece High Definition“), кои реагираат на одржаниот традиционален фестивал-панаѓур во селото Овчарани (Мелити), Леринско, кога јавно се пееја песни на македонски јазик.

Македонски песни и ора на традиционалниот панаѓур-фестивал во Овчарани

Но, на истиот фејсбук-профил можат да се прочитаат и жестоки противреакции од Македонци или на македонски јазик, или на англиски јазик, од кои дел се и овие: „Ве боли вистината, гадови! Лерин е македонски град!“; „Оставете ги Македонците нека си се веселат на македонски, со македонски песни и со души храбри македонски! Идејата живее сѐ до последен еден од нас!“; „Мора вештачките креации на фашистички начин да си ја заштитат фантазијата таканаречена Грција!“; „Фестивалот се одржуваше во селото Овчарани, Леринско. Песната е испеана на македонски јазик.“; „Ваквите песни се испеани во времето кога во вештачко-фашистичката творба Грција се вршеше невиден геноцид врз Македонското население од Егејска Македонија, кој сѐ уште се врши. И какви песни ќе пеат Македонците освен вакви како оваа песна ‘Бегајте, Грци, не ве сакаме”!“ Авторот на овие редови се воздржува од пренесување на најнавредливите  и екстремни објави од грчка и македонска страна.

Инаку, покрај другото, во својата спомената објава на овој фејсбук-профил  „Грција со висока дефиниција“ наведува: „Видеото е доставено во леринското обвинителство во вторник, 8 септември, од Димитриос Ѓумацидис и Христос Циранидис. Според нивната изјава, тие им доставиле на обвинителите снимки од фестивалот одржан на 19 јули 2026 година, барајќи истрага дали содржината на песната и однесувањето на лицата, што се појавуваат во видеото, може да доведат до кривична, или друга правна одговорност. Песната, насловена како ‘Александар, крал на Македонија’, претставува посебно националистичко толкување на античката македонска историја на Македонија и експлицитно се однесува на Грците и Александар Велики. Според Ѓумацидис, таа песна ја искривува историјата. Тој тврди дека некои учесници во видеото го придружувале пејачот со гест на раката со три прста, што тој го протолкува како симбол на одвојување на грчка Македонија од Грција и нејзино вклучување во соседната држава. Пријавата содржи грчки превод на дел од текстот на песната, во кој се тврди дека поминале векови, но ‘Македонците сè уште постојат’, оние што ја пеат велат дека ‘вистината ќе победи“, им порачуваат на Грците да си заминат и да престанат со своите ‘лаги’, ги обвинуваат Грците дека слават странски крал и го претставуваат Александар како ‘Крал на Македонците’.“ – изнесува на фејсбук „Грција со висока дефиниција“.

Страницата  „Грција со висока дефиниција“, која е, поправо, мултимедиумска платформа на фејсбук и инстаграм, е исклучително популарна и влијателна на општествените мрежи со околу 800 илјади следбеници само на нивниот официјален фејсбук-профил. Токму затоа објавите поврзани со јулскиот годинашен фестивал во Овчарани и за македонското прашање се рашири многу брзо низ општествените мрежи со многу голем број националистички коментари.  Покрај општествените мрежи има и свој сопствен интернет-портал greecehighdefinition.com.

Од сенката на Метаксас до европските парадокси: Како Лерин го разбуди институционалниот шовинизам во Грција

Бурните шовинистички реакции, случени на 9 и 10 септември 2026 година на влијателниот фејсбук-профил „Greece High Definition“ — поттикнати од традиционалниот панаѓур во селото Овчарани (Мелити), Леринско, каде јавно се пееја песни на македонски јазик — отвораат повторно длабоки историски и правни прашања. Масовното негирање на македонскиот народ и јазик од страна на грчките корисници не е изолиран инцидент, туку директен одраз на еден непрестаен не само индивидуален, туку и грчки државен менталитет. Споменатите реакции во грчкиот медиумски простор и на тамошните опшествени мрежи се нов показ и доказ дека е жив и натаму духот на озлогласениот Закон број 2336, донесен од диктаторот Јоанис Метаксас на 7 септември 1938 година за забрана на употребата на македонскиот јазик во Егејска Македонија, денес во Грција. Метаксас и неговиот антимакедонски закон ги нема одамна, но неговиот репресивен дух е сè уште жив.

Под овој закон македонскиот јазик беше строго забранет, а луѓето беа присилно интернирани, затворани, физички малтретирани и подложувани на остри тортури дури и за еден изговорен македонски збор. Институционалната реакција од 8 и 9 септември 2026 година — кога грчки националисти поднесоа официјален кривичен поднесок и видеоматеријали до Обвинителството во Лерин со цел кривично да се гонат организаторите на фестивалот поради пеење песни на македонски јазик  — јасно покажува дека современиот грчки национализам сè уште посегнува по алатките на Метаксас: обидот за криминализација на македонскиот јазик како „противтигрчки акт“ е јасен доказ дека асимилаторската матрица продолжува да дејствува.

Европскиот парадокс на Грција-членка на ЕУ

Оваа ситуација го разоткрива огромниот парадокс на Грција како долгогодишна членка на Европската Унија (ЕУ). Иако официјална Атина е правно обврзана со низа европски резолуции, меѓународни конвенции за човекови права и декларации за заштита на малцинските јазици, таа официјално не признава постоење етнички малцинства на својата територија, а камоли македонско малцинство. Грција упорно го негира постоењето на македонскиот јазик кај сопственото автохтоно население, именувајќи ги граѓаните со вештачки заменски фрази како „славофони Грци“ или „двојазични жители“. Додека ЕУ промовира јазична разновидност и право на самоопределување како темелни европски вредности, Грција продолжува да одржува административен и општествен „ѕид“ кон секаков обид за институционално востановување на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик во Егејска Македонија.

Македонци во Егејска Македонија, денес во Грција

Овој бран на говор на омраза и нови негирања на Македонците и македонскиот јазик и кривичната пријава во леринското обвинителство директно се надоврзуваат кон судењето, закажано за 21 септември 2026 година. Тогаш во Врховниот суд (Касацискиот суд на Грција) ќе се разгледуваат две жалби од седум физички лица против судската одлуката на Апелацискиот суд  за распуштање на здружението „Центар за македонски јазик во Грција“ со седиште во Лерин (грчки: Флорина), чија цел е законското зачувување и негување на македонскиот јазик како автохтон јазик во Грција.

Ќе се разгледуваат две посебни жалби, поднесени од седумте лица, кои се членови на Управниот одбор на Центарот за македонски јазик. Тие поднесоа жалби до Врховниот суд, откако претходно Апелацискиот суд во Грција донесе негативни одлуки и побара здружението да биде распуштено. Грчките десничарски организации, обвинители и здруженија бараат официјално укинување на првобитната судска одлука од јули 2022 година, со која судот во Лерин првпат законски го призна ова македонско здружение. Нивната цел е на Центарот правно да му се забрани да постои и да дејствува.

Грчката страна тврди дека регистрацијата на ова здружение „ги загрозува националните интереси на Грција“, бидејќи Центарот има за цел да организира бесплатни онлајн курсеви по македонски јазик, да се залага за негово воведување во јавните училишта во Северна Грција и да го документира македонскиот говор како автохтон/малцински јазик во земјата.

Судењето во Врховниот суд на 21 септември претставува последно ниво на надлежност во рамките на грчкиот правосуден систем. Ако Касацискиот суд пресече негативно и го затвори здружението, со тоа се исцрпуваат сите правни лекови во Грција. По ова Центарот за македонски јазик има право и веќе најави дека ќе поднесе официјална тужба против Грција пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, каде што Грција веќе има историја на изгубени спорови за кршење на малцинските права.

Ова судење на 21 септември е директната причина зошто на 9 и 10 септември националистичките кругови во Грција преку случајот со песните во Овчарани кренаа толкава јавна врева: со цел да извршат притисок врз Врховниот суд дека македонскиот јазик наводно претставува опасност за Грција.

Ова судење, кое е директно поврзано со борбата за признавање на македонскиот јазик и легитимитетот на здруженијата, кои го негуваат во Грција, претставува клучен тест за грчкиот правосуден систем. Исходот од ова судење ќе покаже дали Грција ќе продолжи да го гази европското законодавство под притисок на шовинистичките погледи, или ќе овозможи минимум простор за заштита на основните човекови права на Македонците во Грција, во конкретниот случај за употреба на мајчиниот македонски јазик.

(продолжува)

(Авторот изнесува во оваа колумна согледувања од сопствена објективна лингвистичко-политиколошка анализа, кои немаат никаква поврзаност со ниедна политичка партија во Република Македонија, ниту се став на редакцијата на „Експрес“)

 

 

 

 

 

Најнови вести од: Колумни

Придонесот на Антоан Меје за светското признавање и афирмација на македонскиот јазик како белег на македонскиот идентитет уште пред 108 години!

„Дијалектите на Македонија се дел од јужнословенската група. Заправо тие не се ниту српски, ниту бугарски, особено ако се мисли на пишаниот бугарски јазик, кој се засновува врз дијалекти, доста оддалечени од македонските дијалекти.“ – нагласил Антоан Меје во својата знаменита научна студија „Јазиците во Нова Европа“, објавена во Париз во 1918 година. „Дијалекти на Македонија“ и „македонски дијалекти“ вели овој јазичар 26 години пред да биде македонскиот јазик „измислен од Тито и искован врз основа на бугарски корени“. Денес се навршуваат 160 години од раѓањето на овој врвен европски и светски јазичар. Ова е соодветен повод за ново навраќање кон неговиот научен придонес кон одбраната и афирмацијата на македонската јазична и идентитетска самобитност на европскиот континент и во светски рамки.

Делото на Видоески наспрема „Бугарскиот договор“: дали е време во 2026 Македонија да постапи како Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949?! (2)

Грандиозното научно дело на дијалектологот Божидар Видоески не само што ги урива сегашните бугарско-грчки фалсификати и оспорувања на македонскиот јазично-идентитетски комплекс, туку и отвора сериозен простор за дилема: дали нема, или можеби и има право Република Македонија, согласно и со меѓународното право и неговиот врховен принцип „јус когенс“ да постапи денес со „Бугарскиот договор“ еднакво како што постапи Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949 година – како Бугарија согласно со нејзините „бугарски државни и национални интереси’, така и Македонија согласно со своите државно-национални интереси?! Зашто, великанот на македонската дијалектологија аргументирано докажа дека македонскиот јазик е столб на македонскиот идентитет и сиот свој живот го бранеше тој идентитетски столб, кој е денес загрозен со бугарските евроинтеграциски уцени и ултиматуми.

Студиите на Божидар Видоески ги кршат на парчиња грчко-бугарските шовинистички негирања на македонските дијалекти во Егејска и Пиринска Македонија (1)

Со своето големо научно дело за македонската дијалектологија професорот и академик Божидар Видоески му изгради траен паметник на македонскиот народ за неговиот мајчин македонски јазик и неговите дијалекти, на македонскиот идентитет. Зашто во дијалектите на македонскиот јазик се вградени сета негова историја, сето зборовно богатство, културата, обичаите, народните традиции, песните. Вчера, на 8 ноември 2026 година, се навршија 106 години од раѓањето на Видоески, основоположникот на современата македонска дијалектологија. Тој остави зад себе остави огромно дело од повеќе од 300 библиографски единици – дијалектолошки студии, монографии, статии, документи и др., објавувани во домашни и видни странски списанија и зборници. Истражувањата и студиите на овој македонист, славист и дијалектолог жестоко ги побиваат сите антимакедонски и ненаучни фалсификати и оспорувања на македонскиот народ, јазик и идентитет, кои се вградени во „Договорот за добрососедство“ со Бугарија, односно „Бугарскиот договор“, како и во „Преспанскиот договор“.

Наде Проева – жестокиот научен борец против обидите на Грците и Бугарите да им го одземат Македонското сонце-македонскиот идентитет на Македонците!

Во ерата кога историјата повторно се користи како геополитичко оружје, а македонскиот национален, јазичен и културен идентитет е подложен на координиран оспорувачки притисок од соседите, научната оставнина на проф. д-р Наде Проева (1949–2024) светли како незгаслив светилник на македонската вистина ширум Балканот и Европа. Како еден од најголемите македонски експерти за историјата на Античка Македонија со меѓународен углед, Проева во своето капитално дело „Триптих за македонскиот идентитет“ изнесува сериозна, научно втемелена и методолошки беспрекорна одбрана на македонската посебност. На 6 номври 2026 се навршуваат две години од нејзината смрт. Ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон научното творештво на оваа голема македонска научничка, која на „добрите балкански соседи“ и на политичка Европа со силата на научните аргументи им покажа и им докажа дека никој нема право да му ги оспорува на македонскиот народ неговото исконско, древно македонско национално самосознание и идентитет во име на некакви „повисоки геополитички цели“. Проева остави траен и нескршлив научен аргумент во рацете на идните поколенија за одбрана на правото на македонскиот народ да биде она што е – македонски, свој на своето, на македонското.

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

Димитрија Чуповски, народниот трибун и градител на македонската национална самосвест – 86 години од смртта (2)

На 29 октомври 1940 година во Ленинград, во Русија засекогаш ги затвори своите будни и неуморни очи Димитрија Чуповски, најистакнатиот и најдоследен организатор и афирматор на македонската национална мисла и акција, македонскиот општественик, револуционер, политичар и дипломат, публицист и поет, истражувач на македонското минато и култура, картограф на етничка Македонија. Чуповски беше најблизок истомисленик и идеен соборец со Крсте Мисирков во раководството на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Денес се навршуваат 86 години од неговата смрт. Неуморниот борец за македонската кауза остави зад себе богато научно, публицистичко и национално наследство. Од тоа наследство засекогаш ќе зрачи вонвременската порака дека македонскиот народ не треба никогаш да очекува од никого од Балканот и Европа милост дека ќе се грижи за неговата судбина, туку оти самиот треба да ги земе своите работи во свои раце, самиот да ги уредува својот живот и својата татковина.

Македонското научно-литературно другарство од 1902 – моќниот гласник на македонската вистина во Европа и светот (1)

„Словеномакедонското национално-просветно друштво ‘Св. Кирил и Методија’ има цел да го помага духовното преродување и обединување на Македонските Словени и нивното слободно национално-битово самоопределување.“ – се наведува во член 1 на во Уставот на Македонското научно-литературно другарство (МНЛД), основано на денешен ден, на 28 октомври 1902 година во тогашен Санкт Петербург, во Русија. Активностите на Македонското научно-литературно другарство на Крсте Мисирков, Димитрија Чуповски и другите македонски национални дејци, собрани во него, имаат огромно, немерливо значење за македонскиот народ и Македонија, бидејќи уште пред повеќе од еден век многу јасно и многу силно ги претставуваа и ги заштитуваа македонските национални и државни интереси пред агресивните балкански држави и нивните поддржувачи – големите европски сили. МНЛД им укажа на Европа и светот уште пред 122 години дека постои еден народ во Балканот со своја македонска самосвест, кој се бори за правото сам да ја кове својата судбина, без никој да господари со него. Вонвременските пораки на на ова македонско интелектуално Другарство одекнуваат со сета сила и актуелност и денес, во овие сложени геополитички и меѓународни моменти, во кои се втурнати македонскиот народ и Македонија.

To top