Македонија

Филипче: Македонскиот јазик е официјално признат во ЕУ, од никого и никако не е загрозен! – Радев од 2019 до 2026: Тоа е бугарски дијалект!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска, на прес-конференција по повод Денот на македонскиот јазик, истакна дека јазикот е целосно признат во Фронтекс во 2022 година – првиот официјален договор во Европската Унија потпишан на чист македонски јазик, оценувајќи дека „Христијан Мицкоски продолжува со својата стара кампања и лажно бранење на идентитетот.

„Јазикот е целосно признат во Фронтекс во 2022 година – првиот официјален договор во ЕУ потпишан на чист македонски јазик, без фусноти, без објаснувања, без ѕвездички. Во Преспанскиот договор во 2018 година експлицитно е наведено дека македонскиот јазик е дел од јужнословенската група јазици и е признат уште во 1977 година од Обединетите нации. Во Европската Унија македонскиот јазик е официјално признат во преговарачката рамка. Во Обединети нации и во сите други меѓународни организации и секако билатерални договори. Македонскиот јазик не е на продажба и тој не е никако загрозен и од никого.“ – рече Филипче.

Според него, „премиерот Христијан Мицкоски продолжува со својата стара кампања, намерно создавање паника и лажно бранење на идентитетот“. „Премиерот не решава проблеми, тој ги создава. Македонскиот јазик и идентитет никако и од никого не се загрозени. Сè уште не е формирана влада во Бугарија, а Мицкоски веќе најави заострување на односите и дека немало да има напредок. И затоа почна нова кампања за создавање вештачки конфликт со Бугарија за да може потоа да објасни дека нема напредок во европските интеграции поради Бугарите.

Филипче истакна оти не е решена ниту првата и клучна точка, а тоа е внесувањето на малцинствата во Уставот. – И притоа јасно кажува нема отстапки ни милиметар. Малцинствата во Уставот не се бугарско прашање. Тие се европско прашање. Затоа што не се внесуваат само Бугарите, се внесуваат и други малцинства. И сето тоа се елементи за правење намерен конфликт за да не продолжат реформите и да не продолжи интеграцијата – додаде Филипче.

На новинарско прашање како ќе го коментира и официјалниот став на Бугарија дека пред 1944 година не постоеле македонски јазик и нација, тој одговори дека поради нечии размислувања, не треба да се чувствуваме поинаку.

– Како вие се чувствувате како Македонец? Како Бугарија ви го загрозила идентитетот? Еве кажете како ви го загрозила. Дали вие поради нечии размислувања и така натаму се чувствувате поинаку? Значи, ако има бугарско малцинство, сосема се разликува од македонскиот народ. Ако имаме договор потпишан на македонски јазик од сите земји членки на ЕУ, значи јазикот не е загрозен. Зашто не им ја оставиме историјата, нека ја дебатираат историчарите, ние да гледаме во иднината? Престанете со оваа пропаганда. Антиевропска е пропагандата, немојте да ја спроведувате пропагандата – рече тој.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top