Зошто сопственикот на „Марковски компани“ Борче Марковски е пуштен од притвор?!
Во јануари годинава битолското Обвинителство поднесе обвинение против Борче Марковски и уште двајца вработени во фирмата, како и против петмина поранешни раководители во РЕК Битола, меѓу кои и поранешниот директор Пеце Матевски. Марковски беше во притвор по апсењето на 9 октомври. Тој и уште седум лица се сомничат дека незаконски наплатиле над 1, 7 милиони евра од РЕК Битола, иако дел од договорените работи не биле извршени.