Македонија

Новите правила за социјалните мрежи ќе донесат поголема интернет-безбедност за децата и контрола од родителите

Лица помлади од 18 години нема да можат непречено да ги користат социјалните мрежи, а вистинската возраст на корисниците ќе се утврдува со ВИ

Од компанијата Мета објавија нови правила за користиње на Фејсбук, Инстаграм и Месинџер, кои во пракса ќе значат строга контрола за возраста на корисниците, чии лични фотографии и видеа ќе бидат ставени на техничка анализа, од која со голема веројатност би се утврдила нивната возраст. Тоа ќе доведе до забранет или ограничен пристап до неадекватна содржина и видео материјал.

Комуникологот Бојан Кордалов смета дека новите правила на Мета, ќе значат и побезбеден интернет за сите.

„Првата работа е дека правилата прво мора да постојат, а второ кога ќе се направат мора да важат за сите. Затоа од конечно само од една расправа што е подобро се преоѓа во систем тоа да се преземаат конкретни мерки. И одлуката да се ограничи пристап на одредена содржина на публика под 16 однонсно 18 години е едно од решенијата што се очекува да донесе побезбеден интернет за самите деца, меѓутоа и побезбеден интернет за сите“, вели Кордалов.

За прв пат родителите добиваат поддршка во обидот да го контролираат тоа што на интернет го следат нивните деца.

„Клучната работа е да земеме предвид дека поддршката за родителите и поддршката што компаниите ја прават е клучна. Многу зборуваме за забрана без притоа да збоуваме за нешто што вистински ќе помогне. Добар или позитивен пример во оваа насока беше токму примерот на Европската комисија којашто изработи апликација што овозможува полесна контрола и следење на тоа на која возраст дете смее или не смее да следи нешто на одредена мрежа. Тоа е добар начин и токму тоа Мета сега се обидува да го имплементира“, додава тој.

Најавено е дека наскоро ќе дојде и до промена, односно ограничување на алгоритмите на социјалните мрежи, со што ќе биде оневозможено континуираното следење на една иста содржина.

„Не смее да се дозволи алгоритмите, мрежите или дигиталните платформи да бидат помоќни од секој човек или помоќни од демократијата“, смета Кордалов.

Кордалов смета дека за сметка на поефикасно корисничко искуство, технолошките гиганти не смеат да ги злоупотребуваат личните податоци, да тргуваат со нив или на било кој друг начин да ги носат корисниците во заблуда.

Најнови вести од: Македонија

Јовевски: Македонија е тргната од листата на МОТ, но се соочува со недостиг од над 10.000 работници и одлив на кадар

Македонија во последните две години бележи напредок во областа на социјалниот дијалог и е тргната од листа на Меѓународната организација на трудот (МОТ) за земји кои треба дополнително да ги образложуваат состојбите поврзани со синдикалните права и колективното преговарање,

Нова епизода руски рулет во СДСМ: Пендаровски едно, Ковачевски друго за исто прашање, реагира ЗНАМ

Македонската јавност деновиве е сведок на рускиот рулет во СДСМ во кој од епизода во епизода се отвораат нови прашања, а одговорите стануваат се поконтрадикторни, стои во соопштението на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија

110.000 денари биле првите од многуте што Стефан Богоев требал да ги земе како мито, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани, 110.000 денари биле првите од многуте што Стефан Богоев требал да ги земе како мито за местениот тендер во Царина од 18 милиони денари, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое што МИА го пренесува интегрално

To top