Тема: пензионери

ВМРО-ДПМНЕ: Аман Филипче не се грижи за пензионерите, туку оди си од СДСМ

Аман Филипче не се грижи! Заборавил ли Филипче дека беше дел од владата на СДСМ, која на пензионерите им даваше некоја ситна сума од околу стотина денари, а во одреден период достигнуваше 1.000 денари и нешто. Владата предводена од другарот на Филипче, Заев, не само што не се грижеше за пензионерите, туку со сумата која им ја даваше ги понижуваше, навредуваше, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

И 17 починат во пожарот во Дом за стари лица во Тузла

Во изминатите 24 часа, две лица кои живееле во Домот за стари лица, кои биле хоспитализирани на Клиниката за анестезиологија и реанимација по пожарот, починале, соопшти утрово Универзитетскиот клинички центар во Тузла

По 2.500 денари за 568 пензионери во Општина Гази Баба

Градоначалникот Бобан Стефковски сподели во објава на Фејсбук дка денеска 568 пензионери од Општина Гази Баба ќе добијат по 2.500 денари финансиска помош на своите сметки. Станува збор за пензионери со ниски пензии кои се пријавија на јавниот повик на општината. „Пред само неколку дена беа исплатени средства на 510 пензионери, а со денешната исплата […]

Пензионерите ќе можат пак да работат

Ова го предвидува Законот за вработување на лица кој им овозможува на поширок круг граѓани да влезат на пазарот на трудот без да ги изгубат своите постојни права, соопшти Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека ваков закон бил барање и од работниците и од работодавачите уште од почетокот на независноста. Со новиот закон, право на […]

To top