Македонија

Никој нема право да ги одземе покачените пензии на пензионерите, порача премиерот

Премиерот потенцираше дека последното линеарно зголемување е предвидено за мартовската пензија идната година, прашувајќи како тоа зголемување ќе биде неуставно, а претходните 6 илјади денари ќе бидат уставни. Мицкоски посочи дека судиите во Уставен суд имаат три можности.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека уставните судии имаат три можности во врска со одлучувањето за уставноста на линеарното зголемување на пензиите. Одговарајќи на новинарски прашања, по поставување на камен темелник за изградба на нова детска градинка во населба Дексион, Општина Ѓорче Петров, тој рече дека едната е да ги прогласат мерките за неуставни, со што 75 отсто од пензионерите ќе имаат пониски пензии, втората е укинување на мерката на владата, што според Мицкоски био било „неправно и смешно“, а третата е да се произнесат дека мерката е уставна.

Тој повторно за преиспитувањето на мерката на Владата ги обвини „инсталациите на СДСМ“ во судството и во обвинителството, осврнувајќи се и на неговото излагање од собраниската говорница на седницата посветена на пратенички прашања од минатиот четврток.

  • „Овојпат тие удрија на пензионерите, па ги слушам сега како се препелкаат – тоа што си го земале пензионерите нема да го вратат, но, затоа ќе видиме како понатаму. Нели најпрвин немаше такво нешто. Јас кога го соопштив тоа на пратенички прашања (дека пензионерите ќе имаат помали примања, заб.) тие излегоа рекоа нема такво нешто. За потоа да се препакуваат и кажат добро, еве ќе го разгледуваме сето тоа за од 1 јануари“, рече Мицкоски.

Тој потсети дека последното линеарно зголемување е предвидено за мартовската пензија идната година, прашувајќи како тоа зголемување ќе биде неуставно, а претходните 6 илјади денари ќе бидат уставни.

  • „Нека ми кажат како тоа ќе го спакуваат“, рече Мицкоски.

Тој потоа посочи дека судиите во Уставен суд имаат три можности.

  • „Првата е линеарните зголемувања да ги прогласат за неуставни, тоа значи 75 отсто од пензионерите од 1 јануари ќе  имаат 3-4 илјади денари пониски пензии. Втората опција е да најдат некоја, за мене, бледа неправна логика следното зголемување да го прогласат за неуставно, а сѐ преходно да биде уставно, што за мене, еве јас не сум правник, но консултирав многу правници, делува смешно. И третата опција е да ги прогласат уставни“, рече Мицкоски, додавајќи дека нема да коментира повеќе и ќе остави на Уставниот суд, за како што кажа, да не биде „повторно сфатено дека прави притисок врз судиите и врз обвинителите“.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top