Македонија

(Фото): Сакаме линеарно покачување – Пензионерите протестираа пред Уставниот суд

Пред Уставен суд, пензионерите од повеќе градови протестираат против одлуката да се поведе постапка дали законското решение за линеарното зголемување на пензиите е оправдано.

Пензионери од цела држава, особено оние со пониски пензии, денеска на пладне се собраа пред Уставен суд да го бранат линеарното покачување на пензиите по можноста дека ќе се преиспитува уставноста на последните законски измени на Законот за пензиско и инвалидското осигурување, најавени токму од овој суд. Тие сметаат дека е направено некои да земаат само 700-800 денари, а други да добијат 3-4 илјади денари покачување ако се врати процентуалното усогласување на пензиите.

Нивното барање е да продолжи линеарното зголемување, со цел, како што нагласија „да се намали јазот меѓу малите и големите пензии“.

Една пензионерка предложи формула по која треба да се пресметува покачувањето на пензиите за, како што рече, за да бидат сите еднакви.

  • Има формула, процентот се добива по покачување на цените, покачување на животниот стандард, се зема тој процент, се множи со вкупните исплатени пензии на ниво на цела држава и се дели со 340 илјади пензионери. Едноставна математика која ќе дозволи сите да бидеме еднакви – истакна пензионерката.

Покрај линеарното усогласување, групата пензионери бара и воведување К-15, покачување на посмртнината од 35 на 50 илјади денари и воведување на пензионерска картичка. Нов протест најавија за 10 декември пред Канцеларијата на Европската Унија во Скопје.

  • „Уставниот суд информира дека не е донесена конечна одлука за предметот У.бр.13/2025, за членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кој се зголемуваат пензиите (во јавноста познато како линеарно зголемување)“,се вели во соопштението од Уставен суд.

Оттаму укажуваат дека на 24. седница што се одржа на 19 ноември, Судот со мнозинство гласови изразил сомнеж за уставноста на членот 2 од Законот, но дека сè уште во тек е втората фаза од постапката во која се бараат мислења од доносителот и од предлагачите на Законот. По ова, како што рекоа од Уставен на 27 ноември, ќе следува конечна одлука. Од Судот тогаш посочија дека јавноста ќе биде известена кога овој предмет ќе биде ставен на седница за гласање.

Во врска со тоа дали е поведена постапка за сите линеарни покачувања што досега им се исплатени на пензионерите, од Уставен информираа дека Судот нема да ги преиспитува одредбите што го опфаќаат зголемувањето на пензиите по 2.500 денари, кои се исплатени во септември 2024 и март 2025 година.

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов, вели дека нема проблем со исплатата на пензиите за ноември и дека во буџетот за следната година се обезбедени средства за исплата на пензиите.

Тој истакна дека зголемувањето на пензиите за 14 месеци (од септември 2024 до ноември 2025), номиналното е 6.000 денари што е зголемување од 29,6 %. Смета дека линеарното покачување е правилно и праведно.

Најнови вести од: Македонија

Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, туку правда и зачувување на својот македонски идентитет

„Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, бараат правда, бараат сами да одлучуваат за својот локален развој, да го зачуваат својот македонски идентитет и да имаат еднаков третман како и сите други заедници во Република Албанија“, изјави Едмонд Темелко – поранешен градоначалник на Пустец

На 9-ти мај Вреди ќе ги помати сметките на ДУИ

Деветти мај се приближува и со него доаѓа силна, голема ВРЕДИ, распространета од Липково до Струга, велат од партијата истакнувајќи дека 5 партии стануваат една и тоа им ги расипува сметките на сите што живееле со надеж дека ВРЕДИ нема да се обедини

Литовски: Битолскиот одред „Пелистер“ разбиен на 3.5.1942 од бугарските окупатори, кои ја усмртија Елпида, влечејќи ја врзана за кола низ селата, за да ги заплашат Македонците!

На денешен ден, на 3 мај 1942 година, над селото Ореово, Битолско, Битолскиот народноослободителен партизански одред „Пелистер“ бил опкружен и разбиен од бугарската фашистичка окупаторска војска и полиција, откако преку предавство бил лоциран еден ден претходно. Оваа единица на НОВ и ПО на Македонија била формирана на 22 април 1942 г. од 19 борци. Во борбата загинаа народниот херој Елпида Караманди, која била тешко ранета, заробена и набрзо свирепо убиена, Димитар Николовски-Таќи Даскало, Димче Хаџи Поповски, Мара Јосифовска-Ѓурѓа, Ордан Михајловски-Оцката и Ордан Орданоски-Сандански. Сите биле борци на овој партизански одред. Ова го истакнува универзитетскиот професор и историчар д-р Александар Литовски од Институтот за национална историја од Скопје во своја научна статија.

„Скопје1.мк“: „Малолетници под дејство на алкохол со ножеви в рака тргнаа кон мене!“ – вознемирувачко сведоштво од автобус во Скопје

Празничен ден, пикник и детска радост, но за неколку минути сè се претворило во сцена на страв и насилство. Скопјанката Наташа Младеновска сведочи за инцидент во автобус од Водно кон центарот на Скопје, во кој учествувале малолетници, а ситуацијата ескалирала до вадење ножеви.

To top