Македонија

Пензионерите пред суд ќе протестираат за линеарно зголемување на пензиите

Уставната судијка Добрила Кацарска, на своја иницијатива го оспори последното линеарно зголемување, како неуставно. Минатата година, кога почна линеарното зголемување на пензиите, таа не виде повреда на Уставот и не покрена никаква иницијатива.

Пензионерите во понеделник ќе протестираат пред Уставениот суд. Пенизонерите денеска од Штип порачаа дека во понеделник на 1 декември пензионерите од целата државата ќе протестираат пред Уставниот суд, кој почна постапка за оценка на линеарниот раст на пензиите. Целта на протестот е да продолжи линеарното покачување. Тие на денешната прес-конференција повикаа на масовност, со цел заеднички да се изборат за нивните права.

  • Во понеделник во 11 часот пред Уставен суд во Скопје ќе протестираме, од цела Македонија – изјави пензионерот Зоран Трајков.

Трајче Станојков пензионер од Свети Николе најави ако во понеделник протестот не вроди со плод, веќе на 10 декември продолжуваат со протести, бидејќи не се откажуваат од нивните барања. Тој додаде дека освен линеарното усогласување на пензиите ќе бараат и К-15, покачување на посмртнината, како и воведување на пензионерска картичка.

Пензионерот од Штип, Трајче Митев вели дека имаат и конкретни барања.

  • Ќе се бориме за покачување на посмртннината од 35.000 на 50.000 денари. Ќе создадеме фронт да се воведе пензионерската картичка – вели Митев.

Во Штип денеска се собраа пензионерите од Штип, Свети Николе, Скопје и од Куманово.

  • Сите ќе се залагаме да дојдеме во Скопје, за да кажеме дека е доста дискриминација. Ние бараме да земеме линеарно покажување на пензиите – вели пензиионерката Вера Јовановска.

Пензионерите најпрво добија  линеаро покачување на пензиите од 5.000 денари. Во септември добија покачување од 1.000 денари, а во март наредната година треба да има ново линеарно усогласување за уште 1.000 денари.

Инаку, Уставната судијка Добрила Кацарска, на своја иницијатива го оспори последното линеарно зголемување, како неуставно. Минатата година, кога почна линеарното зголемување на пензиите, таа не виде повреда на Уставот и не покрена никаква иницијатива.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

To top