Тема: „Политико“

„Политико“: Норвешкиот експремиер Јагланд под истрага за корупција и врски со Епштајн – Во 2012 се интересирал за „необичните млади девојки од Албанија“!

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд се соочува со полициска истрага поради наводна корупција во врска со неговиот контакт со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, додека бил претседател на Нобеловиот комитет и шеф на Советот на Европа! Името на Јагланд повторно се појави во најновиот бран документи од фајловите на Епштајн, објавени минатата недела. Во еден е-мејл од 2012 година Јагланд го информира Епштајн за „необични млади девојки“ во Албанија, додека во друг од 2013 година, тој вели „видовме слики од вашиот остров и би ни било драго да го посетиме“. Јагланд изјави за норвешкиот весник VG дека никогаш не бил на островот Епштајн. Ова го објави денес аналитичкиот портал „Политико“ од Брисел во својата статија со наслов „Поранешниот норвешки премиер под истрага за корупција поради досиејата на Епштајн“.

„Политико“: Макрон влегува во период на „патор што куца“! Во 2027 избори за нов претседател на Франција

„Откако ќе заврши борбата за буџетот на францускиот претседател Емануел Макрон, француската политика ќе се префрли во режим на кампања за претседателските избори, велат политичари, вклучувајќи тројца сојузници на Макрон. Неговото славење поради претстојното усвојување на буџетот на Франција за за 2026 година ќе биде краткотрајно. Откако ќе биде одобрен буџетот, тој ќе стане „патор што куца“ до претседателските избори напролет во 2027 година.“ – нагласи угледниот аналитички портал „Политико“ од Брисел во својата статија со наслов „Макрон влегува во периодот на ‘патор што куца“, која ја објави вчера.

Важни вести за Македонија од Брисел: „Политико“ јавува за „планот за двостепена ЕУ“ и „отежнување на правото да се користи ветото“!

„ Новите предлози ќе понудат можност да се стане членка на ЕУ, но ќе се ограничат некои права за донесување одлуки – а можните членки се поделени. Земјите што чекаа со години да се приклучат кон ЕУ се поделени околу плановите, што се изготвуваат во Брисел, за да им се дозволи да станат членки без вообичаеното полноправно право на глас. Меѓу малкуте земји во Источна Европа и Западен Балкан, кои се во ред за пристапување кон блокот, се појавува поделба околу условите поврзани со нивните апликации. Некои инсистираат дека треба да ги добијат сите придобивки од блокот, додека други се среќни само што се на масата.“ – објави денес аналитичкиот магазин за европски прашања „Политико“ од Брисел за моментните расправи, кои се водат во Брисел за планот за „двостепена ЕУ“, што може да има соодветно значење за евроинтеграцијата на Македонија.

To top