Онлајн трговијата зема се поголем замав и во Македонија, за само девет месеци бележи раст од 30%
Покрај растот на вредноста, е-трговијата бележи и значително зголемување на бројот на онлајн трансакции, кој во периодот од првиот до третиот квартал 2025 година достигна 21 милион, што е 30,2 проценти повеќе споредено со истиот период во 2024 година. Најизразен пораст повторно се забележува кај домашните картички кон странски е-трговци, со раст од дури 63,2 проценти, што укажува на зголемена фреквенција на онлајн купувања, најчесто со пониска поединечна вредност.