Бизнис

Кои од маркетите не го почитуваат Законот за нефер трговски практики?!

Интервенцијата со стоковите резерви е една од можностите за подобрување на животниот стандард, но и на цените во трговија на големо и мало, вели заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески.

Добар дел од големите супермаркети не го почитуваат Законот за спречување на нефер трговски практики и ова е дел од причините што цените на храната не се намалуваат, вели заменик-министерот за економија, Марјан Ристески. Неоткривајќи кои маркети и после една година од примена на Законот се уште им наметнуваат незаконски високи рабати на производителите и на дистрибутерите, што потоа се пренесува и на крајната цена што ја плаќаат граѓаните, им порача дека Комисијата за заштита на конкуренцијата веќе ги прави анализите, по што ќе има и казни.

Најави и дека овој Закон ќе претрпи измени, токму во казнените одредби.

  • Имаме сознанија дека одредени маркети го почитуваат Законот за нефер трговски практики, но има и некои кои во одреден дел не го почитуваат. Сакам да ги охрабрам сите добавувачи, производители,  сите што имаат договори со трговци на мало и на големо, кои не го почитуваат законот, да го пријават тоа во КЗК, зашто тоа е казниво. Со молчењето и непријавување на изигрувањето на законот си прават контрауслуга на себе и на граѓаните. Од наредната година веќе ќе има промени во одредени делови на законот за да направиме да биде поефикасен. Една од тие промени е повеќекратно зголемување на казната од она што е предвидено со законот, изјави Ристески. 

Клучно е според Ристески да се почитува Законот за нефер трговски практики. Дали тоа е така вели дека сепак има маркети кои не го почитуваат законот но има и такви кои се придржуваат до законот.

Ова значи дека од сегашните 20.000, казните ќе се зголемат на 200.000 евра за непочитување на Законот. Дека има непочитување, слушнал и претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.

  • „Стигаат кај мене секакви информација, чак и претат итн. Имаме и такви ситуации во кои што тие ќе речат, па ние сме трговци, ние сме најпаметни, ние ќе ја свртиме работата во наш интерес, и така натаму. Меѓутоа, мојата улога е да балансирам меѓу нив, посебно во такви ситуации и мислам дека тоа ќе направиме врз основа на Законот и врз основана изјавата на Премиерот кој јасно кажа дека нема веќе да има мешање во ограничувањето на тоа.“, вели Бранко Азески.

Во однос на цените на големите маркети кои се членки на Комората и дали таа може да им наложи да ги намалат, првиот човек на СКМ рече дека „мора да сфатиме дека одиме кон запад и кон пазарни услови на стопанисување“.

  • На ниеден субјект не можеме да му наредуваме што ќе прави. На крајот на краиштата, тие може да го затворат маркетот и да направат штета на сите. Мора да бидеме јасни дека и тие луѓе бараат предвидливост, функционирање на пазарна економија и правна држава, додаде Азески. 

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top