Бизнис

Онлајн трговијата зема се поголем замав и во Македонија, за само девет месеци бележи раст од 30%

Покрај растот на вредноста, е-трговијата бележи и значително зголемување на бројот на онлајн трансакции, кој во периодот од првиот до третиот квартал  2025 година достигна 21 милион, што е 30,2 проценти повеќе споредено со истиот период во 2024 година. Најизразен пораст повторно се забележува кај домашните картички кон странски е-трговци, со раст од дури 63,2  проценти, што укажува на зголемена фреквенција на онлајн купувања, најчесто со пониска поединечна вредност.

Онлајн трговијата зема замав во Македонија. Само во првите девет месеци годинава реализирани онлајн трансакции вредни 693.1 милиони евра, што е раст од 30 проценти споредено со минатата година, објави денеска Асоцијацјата за е-трговија на Македонија АЕТМ. Со македонски картички кон македонски е-трговци се реализирале 338.5 милиони евра, остварен пораст од 18 проценти. Бројот на реализирани трансакции од Македонци кон странски е-трговци се зголемил за 63.2 проценти, додека вредноста за 45 проценти. Просечната трансакција на Македонците кон странските е-трговци се намалила за 11.3 проценти.

Асоцијацијата за е-трговија ги анализираше најновите објавени податоци за трансакции на места на продажба за е-трговија на Народната банка на Македонија, согласно кои, како што информираат, може да се забележи дека во првите три квартали од 2025 година вредноста на вкупните трансакции направени кон е-продажни места од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 42,626.6  милиони денари или 693,1 милиони евра, што преставува пораст од 30 проценти во однос на истиот период минатата година кога изнесуваше 533 милиони евра. Најголем апсолутен дел од растот и понатаму го носат домашните картички користени за купување од домашни е-трговци, каде вредноста на трансакциите порасна од 286,9 на 338,5 милиони евра, односно за 18 проценти. Сепак, се вели во информацијата, најдинамичен раст се забележува кај вредноста која Македонците со своите картички ја направиле кон странски е-трговци во износ од 19,461.2 милиони денари или 316.4 милиони евра што преставува пораст од 45 порценти во однос на истиот период минатата година. Иако во апсолутен износ вредноста на трансакциите со странски картички кај домашни е-трговци е мала, позитивен сигнал за македонската економија е растот од 38 порценти, што ја зголемува вредноста од 27,7 на 38,2 милиони евра.

Покрај растот на вредноста, е-трговијата бележи и значително зголемување на бројот на онлајн трансакции, кој во периодот од првиот до третиот квартал  2025 година достигна 21 милион, што е 30,2 проценти повеќе споредено со истиот период во 2024 година. Најизразен пораст повторно се забележува кај домашните картички кон странски е-трговци, со раст од дури 63,2  проценти, што укажува на зголемена фреквенција на онлајн купувања, најчесто со пониска поединечна вредност. Бројот на трансакции кај домашните е-трговци исто така расте, но со поумерено темпо односно остварени се 10.6 милиони трансакции што преставува пораст од 10.4 проценти во однос на истиот период минатат година.

  • Податоците за првите девет месеци од 2025 година покажуваат силно забрзување на е-трговијата и тоа не само со направени онлајн нарачки туку и платени со платежни картички односно остварен раст од 30 прпценти на вкупната вредност на онлајн трансакциите во однос на истиот период лани. Особено изразен е порастот кај трансакциите со домашни картички кон странски е-трговци, каде вредноста е зголемена за 45 порценти, а бројот на трансакции за над 63 проценти. Ефектот на Тему кој има илјадници нарачки дневно се отсликува во овие податоци целосно со оглед дека единствениот начин на плаќање кој до сега се нудеше на платформата беше со платежна картичка и охрабри многу граѓани потикнати од широката понуда, ниските цени и бесплатната достава за првпат да направат онлајн купување со платежни картички. Неодамнешната одлука на Temu да воведе и кеш на достава претставува прилагодување кон локалните навики, но воедно отвора прашање дали овој чекор ќе го забави позитивниот тренд на дигитални плаќања, изјави претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска Станков.

Нерамномерниот пораст на вкупната вредност и бројот на онлајн трансакциите јасно се рефлектира и во просечниот износ по трансакција. Имено просечната вредност остварена за купување со македонски картички од странски е-трговци се намалила за 11.3 проценти и изнесува 34.6 евра, додека кон домашните е-трговци се зголемила за 7 проценти и изнесува 32 евра, а со тоа на вкупното ниво просечната вредност останува иста односно 33 евра.

Во текот на првите девет месеци од 2025 година, регистрирани се 175 новоотворени онлајн продажни места, што, според АЕТМ; претставува значаен показател за зголемена понуда и заинтересираност на бизнисите да влезат во е-просторот и да започнат со онлајн продажба.

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top