Тема: претседателка на Македонија

Орден „Илинден 1903“ посмртно за придонесот на големиот патриот лекарот д-р Анастас Коцарев кон македонската државност и идентитетска самобитност

Големиот македонски родољуб и лекар-онколог Анастас Коцарев денес посмртно е одликуван со орденот „Илинден – 1903 година“ од претседателката на Република Македонија проф.д-р Гордана Сиљановска-Давкова, како висока национална почит и израз на признание за неговиот исклучителен придонес кон афирмирањето на македонската самобитност. Одликувањето е признание за долгогодишните заложби и делата на Коцарев, кои оставиле траен белег врз македонската историја и националното македонско самоопределување. Орденот „Илинден – 1903 година“ ја нагласува вредноста на индивидуалниот придонес на Анастас Коцарев во градењето на македонската државност и македонскиот национален идентитет особено и во надворешни, меѓународни рамки. Во светски рамки д-р Анастас Коцарев е еден од првите лекари и научници, кој што работел на истражување и лекување на ракот, како еден од пионерите на радиотерапијата, но и на радиографијата, и кој е прв во светот, што направил рендгенографија на фотографска плоча на пациент заболен од рак. Но во колективното паметење на македонскиот народ Коцарев останува трајно запомнет како човек, што работел во полза на македонската кауза среде македонското иселеништво, залагајќи се за самостојна и независна македонска држава, за идентитетската самобитност на Македонецот во Балканот, во Европа и светот.

Сиљановска-Давкова: Барањата од соседите кон Македонија се надвор од европските критериуми! ЕУ да ја преиспита политиката кон Западниот Балкан

Претседателката на Република Македонија д-р Гордана Сиљановска-Давкова со воведен говор ја отвори панел-дискусијата на Европските демократски студенти (ЕДС), учесници на Зимскиот универзитет на ЕДС 2026, што годинава се одржува во Скопје. Според неа, барањата на соседите со коишто се соочуваме со децении отстапуваат од Копенхагенските критиериуми и не се во духот на конститутивните акти на Европската унија. Таа потсети на десeттината „да“од страна на Европскиот парламент и Европската комисија и уште толку „не“ од Европскиот совет заради вето од некои соседи.

Сиљановска – Давкова: Граѓаните имаат јасен став, околу 80 отсто не сакаат да се менува Уставот! Во добрососедскиот договор со Бугарија нема ниеден збор за уставни промени!

„Во Македонија граѓаните имаат јасен став, околу 80 отсто не сакаат да се менува Уставот, но речиси 70 отсто се за членство во Европската Унија. Ова создава тешка дилема за политичарите: како да се усогласи волјата на народот со меѓународните обврски.“ – истакна претседателката Гордана Сиљановска – Давкова на предавањето на тема „За парадоксите на македонските евроинтеграции“ на Правниот факултет во Загреб.

Милановиќ: Има живот и без ЕУ, и тоа успешен и достоинствен! – Македонија сама одлучува што е најдобро за неа и кој пат ќе го избере!

Има живот и без ЕУ, кажа хрватскиот претседател Зоран Милановиќ по средбата со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Загреб, осврнувајќи се на долгогодишниот процес на пристапување на Македонија кон ЕУ. Тој додаде дека на Македонија ѝ се поставуваат премногу услови и барања. Сиљановска-Давкова е во официјална посета на Република Хрватска.

Најнови вести

To top