Тема: Претседателка на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова

Нацрт-заклучоците на Советот на ЕУ за промената на македонскиот устав ги кршат резолуциите на ООН и Договорот од Мастрихт, затоа се ништовни

Советот на ЕУ ја повикува Македонија да изврши промена на својот Устав во согласност со „Добрососедскиот договор“ со Бугарија и протоколите кон него, Преговарачката рамка и „францускиот предлог“, кои содржат категорично тврдење-фалсификат дека македонскиот народ, македонскиот јазик, идентитет и историја имаат „бугарски историски темели“. Тоа претставува целосно негирање на етничката, идентитетската и јазичната засебност на македонскиот народ. Декларацијата на ООН за недопустливоста на интервенирањето и вмешувањето во внатрешните работи на државите целосно ги заштитува македонскиот јазик и идентитет, како и македонската историја, од какви било и чии било обиди за негирање, или присвојување. Таа декларација строго забранува завлегување во идентитетскиот комплекс на кој било народ, што значи и на македонскиот народ. Токму ова го прават Советот на ЕУ и Бугарија! Членка на ООН е и Македонија: и за неа во еднаква мера важи применливоста на резолуциите на ООН. Според нив, ниту ЕУ, ниту Бугарија, Грција, или која било друга држава, немаат право да се мешаат во внатрешните и надворешните работи на Република Македонија, ниту да ѝ наложуваат да го менува Уставот во замена за „отворање на преговорите со ЕУ“. 

Претседателката Сиљановска-Давкова до СДСМ: Надминете ги проблемите со членството и станете пак активен чинител на македонската демократија!

Претседателката на на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова денеска изјави дека е важно опозициската СДСМ брзо да ги надмине внатрепартиските проблеми и повторно да стане силна опозиција, бидејќи тоа е од корист за демократијата и за државата.

Сиљановска Давкова – Милатовиќ: Традиционално пријателство, меѓусебна поддршка и заедничкa цел за членство во ЕУ

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова на денешната средба со претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ нагласи дека сѐ додека од нас ќе се бара исполнување дополнителни услови надвор од Копенхагенските критериуми ќе постои опасност да не се почитуваат основните вредности и принципи на ЕУ, без кои ЕУ се сведува на политичка и бирократска машинерија.

Претседателката Сиљановска-Давкова денеска на Балканскиот форум за интеграција во Црна Гора

Шефицата на македонската држава Сиљановска-Давкова ќе се обрати на состанокот насловен „Претседателите за ЕУ интеграциите – Имаме ли план?“. Таа ќе оствари средба со претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ.

To top