Тема: Радмила Шекеринска

Манасиевски: Милион евра од државата само за 2 месеци потрошиле СЈО, Заев и Шеќеринска, специјални гости кај Јанева!

„Сведоштвата на поранешната обвинителка во СЈО Лејла Кадриу, ги потврдува сомнежите и тезите на ВМРО-ДПМНЕ кој уште пред приближно 10-тина години, говореше за партизација на СЈО предводено од Катица Јанева, од страна на СДС, Зоран Заев и неговите пајташи. СЈО со Катица Јанева работело по насока на СДС, Заев и неговите партнери како Венко Филипче, Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска. Ним правдата не им била цел, туку профитот, политичкиот прогон и контролата врз државните институции, како и правосудството во Македонија.  ВМРО-ДПМНЕ става крај на ваквата пракса на партизација на судиите и обвинителите. Утре продолжуваме со споделување на нови сведоштва за работата на одредени обвинители и СЈО како целина.“ – нагласи Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското мешање на Балканот

НАТО внимателно ги следи обидите на Русија да влијае врз внатрешните процеси во Босна и Херцеговина и поширокиот регион на Западен Балкан, изјави заменик-генералниот секретар на Алијансата, Радмила Шекеринска, во интервју за агенцијата ФЕНА

Фотографии од домот на Боки: Филипче – послушен министер за пари и моќ

Тука е и неговиот наставник Филипче. Филипче беше во мојот дом кој да не кажам секој ден беше чест гостин. Ова се фотографии од кај мене, најпослушниот министер на Зоран Заев кој беше поставен од Радмила Шеќеринска.

To top