Македонија

Фотографии од домот на Боки: Филипче – послушен министер за пари и моќ

Тука е и неговиот наставник Филипче. Филипче беше во мојот дом кој да не кажам секој ден беше чест гостин. Ова се фотографии од кај мене, најпослушниот министер на Зоран Заев кој беше поставен од Радмила Шеќеринска.

Во документарниот филм на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, а насловен како „Рекет“, во првиот дел тој раскажува за снимените разговори кои ги имал Зоран Заев и со кои тој тргувал со повеќе работи како промена на името, закони и слично.
„Зоран Заев ги имаше сите снимени разговори коишто ги предаде во СЈО ги имаше во копија селектирано предаде 600 и кусур илјади разговори, бидејќи имаше околу 2 милиони разговори. И со истите тие снимени разговори тргуваше до последниот ден, дали ќе биде тоа закон во прашање, промена на име. Катица Јанева токму за тие снимени разговори имаше предистрага и тогаш беше донесена наредба за истрага која водеше до Зоран Заев“, вели Боки 13.
Исто така тој наведе факти со докази, фотографии од Венко Филипче како се наоѓа во неговиот дом, притоа нарекувајќи го најпослушен премиер на Зоран Заев кој бил поставен од Радмила Шеќеринска, кој кога насетил моќ и пари се приклучил кон клонот на Заеви.
„Тука е и неговиот наставник Филипче. Филипче беше во мојот дом кој да не кажам секој ден беше чест гостин. Ова се фотографии од кај мене, најпослушниот министер на Зоран Заев кој беше поставен од Радмила Шеќеринска. Но, потоа Венко Филипче некако се дистанцираше од Шеќеринска и се приклони кон колонот Заеви, бидејќи таму насети моќ, пари а Венко е љубител на пари’, вели Боки 13.
Исто така во документарниот филм Рекет тој наведува дека Филипче не потпишувал ниту еден документ без да придобие средства, со што потенцираше  дека здравството е уништено токму поради него.
„Венко не потпишувал никаков акт без да земе пари, ништо како министер за здравство не правел за без пари, што со знаење на Заев што без знаење, што си се криеле еден меѓу друг, здравството е уништено од Венко Филипче’, рече Боки 13.
Првиот дел од документарниот филм може да го погледнете подоле

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top