Македонија

Манасиевски: Милион евра од државата само за 2 месеци потрошиле СЈО, Заев и Шеќеринска, специјални гости кај Јанева!

„Сведоштвата на поранешната обвинителка во СЈО Лејла Кадриу, ги потврдува сомнежите и тезите на ВМРО-ДПМНЕ кој уште пред приближно 10-тина години, говореше за партизација на СЈО предводено од Катица Јанева, од страна на СДС, Зоран Заев и неговите пајташи. СЈО со Катица Јанева работело по насока на СДС, Заев и неговите партнери како Венко Филипче, Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска. Ним правдата не им била цел, туку профитот, политичкиот прогон и контролата врз државните институции, како и правосудството во Македонија.  ВМРО-ДПМНЕ става крај на ваквата пракса на партизација на судиите и обвинителите. Утре продолжуваме со споделување на нови сведоштва за работата на одредени обвинители и СЈО како целина.“ – нагласи Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Натаму Манасиевски истакнува: Згаснатото СЈО заврши со пресуда за предводничката на СЈО Катица Јанева од 7 години за земање мито. СЈО било користено за исполнување на желбите и интересите на СДС и Зоран Заев, кои во тие моменти не бираа начин како да дојдат на власт.

Најчести гости според сведоштвата на Лејла Кадриу, во СЈО на Катица Јанева биле токму Зоран Заев и Радмила Шекеринска, како и советници на Оливер Спасовски. Тие ги носеле прислушуваните разговори, одно сно таканаречените бомби, во форма на кривична пријава, но како што вели госпоѓа Кадриу, напишани на ливче. Истиве овие ливчиња ги преземале помошниците на Катица Јанева, Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски противзаконски, бидејќи не направиле никаков записник. За да биде јасно на граѓаните, секој можел да земе, донесе или додаде нов документ во секое време. Дополнително, истите овие специјални гости, се обидувале и успевале во обидите да укажат на обвинителите кое лице да биде гонето, а кое да биде изземено од одреден случај. Или во превод, што би рекле и поранешната обвинителка од СЈО, Лејла Кадриу, СЈО било претворено во штаб на СДС.

Ристоска и Бубевски, според сведоштвата биле главни и тие биле оние кои го раководеле СЈО во позадина, додека токму Катица Јанева сакала само медиумски да се профилира, поради тоа што била само човек со просечни способности во СЈО.

Многу важно во работата на СЈО биле и парите. Во 2015 година, односно поточно од 15.10.2015 година Буџетот бил проектиран  секоја година СЈО да добива милион евра од државата. Катица секако ја интересирале само парите, па овие 2,5 месеци до крајот на 2015-та година морале да ги потрошат како што вели Лејла Кадриу за да не ги земе државата назад. Дополнително обвинителите во СЈО, земале по 4.000 евра месечна плата, а срамно и безобразно било тоа што трошеле плус 2.000 евра месечно за кафе, бадеми и лешници. Во овој поглед обвинителството треба да го истражи и да го провери овој случај, каде отишле овие пари за само 2,5 месеци и кој сѐ земал бонуси, додатоци, и колку чинела киријата за местата каде што престојуваше СЈО. – посочува на денешната прес-конфереција Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ.


Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

To top