Тема: Скопје

Градежните пропусти: Да се преевалуираат сите процедури за градба, бараат надлежните

По свлечиштето на градилиште во Општина Центар е одржан кризен состанок и се донесени интервентни мерки. Градежните експерти советуваат затрупување на градежната јама за да се спречи дополнително свлечиште. Констатирале дека нема доволно инспектори и стручен надзор.

(Фото): Казни и одземање лиценци по инцидентот со свлечиштето во Центар

Од Општина Центар порачуваат дека нема да толерираат неодговорно однесување на инвеститори со кое се загрозува безбедноста на граѓаните и се уништува јавниот простор. Општинските служби најавуваат дека ќе останат на терен сè до целосно отстранување на последиците. Во град каде секоја втора улица личи на градилиште, ова не е само локален проблем на една парцела. Ова е тест дали институциите ќе реагираат пред, а не по следната несреќа.

Цените на становите во Скопје растат, ама и не се продаваат – до кога?!

Според Народната банка, во првиот квартал од оваа година, цените на становите во Скопје се зголемиле за 16,7% на годишна основа и за 0,1% на квартална основа, што укажува на поумерено зголемување во споредба со минатата година. Во текот на изминатата година, зголемувањето на цените е значително поголемо: во првиот квартал 19,5%, во вториот 19,9%, во третиот 25,1% и во четвртиот 25%.

Тројца маскирани влегле со сила во продавница во Скопје и предизвикале пожар – двајца полицајци повредени

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека е извршен увид на местото на настанот и дека се преземаат интензивни мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

To top