Македонија

В година нова авиолинија Дубаи – Скопје

Новата линија ќе придонесе за развој на туризмот и бизнисот, особено затоа што ќе функционира и во периодот надвор од летната туристичка сезона. Николоски соопшти и дека се разговара за воспоставување директна линија меѓу Охрид и еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати. Како можни дестинации ги посочи Абу Даби и Шарџа.

Од март 2027 година ќе биде воспоставена директна авионска линија меѓу Дубаи и Скопје, а паралелно се разгледува можноста за директно поврзување на Охрид со еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати. Ова го соопшти заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието. Според него, линијата Дубаи–Скопје е веќе договорена, а летовите ќе ги реализира „Флајдубаи“.

  • „Со почетокот на новата сезона на летање, односно од март 2027 година, ќе се лета директно од Дубаи за Скопје. Тоа е веќе договорено и „Флајдубаи“ ќе почне во март 2027 година да лета директно од Дубаи до Скопје“, рече Николоски.

Тој оцени дека новата линија ќе придонесе за развој на туризмот и бизнисот, особено затоа што ќе функционира и во периодот надвор од летната туристичка сезона.  Николоски соопшти и дека се разговара за воспоставување директна линија меѓу Охрид и еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати. Како можни дестинации ги посочи Абу Даби и Шарџа.

  • „Сè уште е во дискусија, но би рекол дека е многу извесно дека ќе ја договориме. Тоа е директен лет помеѓу еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати, дали ќе е Абу Даби, дали ќе е Шарџа, до Охрид“, рече министерот.

Според Николоски, договорите се резултат на владината посета на ОАЕ предводена од премиерот Христијан Мицкоски и средбите со шеикот Мохамед бин Зајед. Тој потсети и дека меѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати веќе е воспоставен безвизен режим, што, како што истакна, е значајно за туризмот и за деловната размена. Николоски посочи дека се разговара и за потенцијални инвестиции, додека македонски компании веќе почнуваат да извезуваат на пазарот во ОАЕ. Според него, Обединетите Арапски Емирати сè повеќе стануваат значаен центар за меѓународни саеми и деловни настани.

Најнови вести од: Македонија

Пензиите од октомври ќе бидат повисоки за три отсто

Усогласувањето на пензиите во Македонија ќе се реализира според законската формула утврдена во членот 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување и ќе изнесува 3 отсто. Зголемените примања пензионерите ќе ги добијат на почетокот на октомври, бидејќи пензиите се исплаќаат за претходниот месец.

(Фото): „Мотоцентар“ ги претстави брендовите „Dunlop“ и „Falken“ – нова ера на супериорни перформанси и безбедност на патиштата

„Мотоцентар“ официјално ја презентираше соработката со водечкиот глобален производител на гуми “Sumitomo Rubber Industries“ (SRI). Во рамки на презентацијата која се одржа денес во хотелот “DoubleTree by Hilton“ во Скопје, беа претставени брендовите Dunlop и Falken.

Ќе го уриваат ВМРО-ДПМНЕ од власт, ама прво да го решат Филипче

Игор Ивановски, Андреј Петров, Гордан Георгиев, Никола Ќуркчиев, Славјанка Петровска и Емилијан Станковиќ во наредните денови ќе разговараат со претседателот Венко Филипче, од кого очекуваат да си замине од функцијата

To top